ОД СВОЈ АГОЛ

Престанете да наоѓате изговори за вашите неуспеси

Како да ви кажам...Ама самите сме си виновни за неуспесите што си ги нижеме. Секојдневно седиме, чекаме да ни паднат работите од небо и оп го имаме животот кој секогаш сме си го посакувале.

„Ејјј што, којзнае кој и/му помогнал за да стане тоа што е“ или „Да не беше ХХ, немаше да биде тоа што е“... И многу други „сеирџиски“ муабети кои кога ќе размислите не се ништо друго освен изговор за тоа што не сме успеале да го оствариме нашиот сон.

Прашањето е дали сакате да го минете животот префрлувајќи ја вината за вашите неуспеси на други лица? Дали секогаш ќе наоѓате изговор поради тоа што вашиот сон се уште е голема мечта?

Неуспехот го гледаме како огромно разочарување, а тоа е всушност знак дека сме на погрешното место во дадениот момент и треба да испробаме нешто ново за да успееме.

Сакате да бидете богати, да ја доживеете љубовта на својот живот, да купите куќа и да ја уредите онака како што отсекогаш сте посакувале, да отпатувате на вашата омилена дестинација, да купите автомобил и милион други соништа кои сè уште претставуваат ваша најголема желба?

Бидете најдобри во она што го правите. Престанете да се ставате подолу на листата на приоритети. Бидете први и секогаш правете го она за кое најмногу мечтаете. Бидете упорни и свесни дека НИКОЈ, НИКОГАШ И НИКАДЕ на овој свет нема да може да ве спречи во остварувањето на вашиот сон.

Бесот, лутината и љубомората се единствените виновници зашто секогаш наоѓаме виновник за нашите неуспеси.

Простувањето не е оправдување за вашето однесување и постапки, туку ДАР КОЈ СИ ГО ДАВАТЕ СЕБЕСИ. Не бидете срамежливи, горделиви и инаетливи да простите бидејќи тоа е она што не ви дозволува да ги остварите вашите мечти.

Не го губете своето време гледајќи ги како другите успеваат и се сведоци на живеење на своите животи, туку започнете да го живеете својот живот сега, веднаш!
П.С. Јас одам да бидам сведок на живеењето на мојот сон.

Рамон Санчез


Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби