Пронајден мистериозен брод по кој се трагало 160 години

Во делтата на реката Тенсо, во јужната американска сојузна држава Алабама, се пронајдени остатоци од дрвен брод за кој се претпоставува дека е „Клотилда“ - последниот брод што нелегално превезувал робови во САД пред речиси 160 години.



Остатоците ги откри невообичаено ниската осека, а ги пронашол новинарот Бен Рејнс, кој оттогаш е во постојан контакт со стручните лица кои се обидуваат да утврдат дали тоа е тој легендарен брод, пишува „Дејли меил“.

Историските податоци говорат дека капетанот на бродот, Вилијам Фостер, по пристигнувањето во заливот Мобил Беј во 1860 година, го запалил и потонал бродот, а бродските остатоци се пронајдени во непосредна близина на тоа место. На дрвената конструкција се видливи и траги од горење, како и техники на бродоградба карактеристични за тој период.

- Дефинитивно може да се каже можеби, а можеби дури малку повеќе од тоа, оти локацијата е таа, градбата изгледа исправна, од вистинскиот период, а се чини и дека бродот изгорел, објаснува Грег Кук, археолог од Универзитетот Вест Флорида.



Џон Братен, кој работи со него на испитувањето на бродските остатоци, смета дека „ништо не укажува дека тоа не е ’Клотилда’, а неколку нешта укажуваат дека - е".
Иако претседателот на САД, Томас Џеферсон во 1807 година потпишал закон со кој се забранува „увоз“ на робови, на американскиот југ ропството било присутно и децении подоцна. Главно пристаниште за тој вид транспорт бил токму заливот Мобил Беј.

Бродот во 1860 година испорачал 110 робови во заливот. Тоа се случило една година пред почетокот на Американската граѓанска војна, и е последниот запишан случај на „увоз на робови“ во САД.

Откривањето на мистериозните бродски остатоци следи по неуспехот на голем број истражувачи кои се обиделе да го пронајдат легендарниот брод во текот на годините.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби