Најчудни нерешени медицински мистерии низ историјата

Низ историјата имало многу медицински мистерии кои може да ги зачудат дури и најпознатите модерни научници – од чудни болести до масовни моменти на лудило, еве некои од нив кои не се решени се до ден денес.

1) Танцувачката чума на Сент Витус



При крајот на Средниот век во Европа, постоеле многу извештаи за „танцувачка манија“, каде големи групи на луѓе одеднаш почнувале да танцуваат додека не колабирале од исцрпеност.

Една од најголемите „танцувачки чуми“ била документирана и се случила на 24 јуни 1374 во денешна Германија, а во едно сведоштво се вели дека луѓето формирале кругови фатени за раце и се чинело како да ја изгубиле контролата врз нивните сетила, играјќи со часови во делириум додека не испопаѓале на земја од премореност.

Уште една таква епидемија се појавила во 1518 во Стразбург  кога над 400 луѓе со недели танцувале сè додека некои од нив не умреле од преголема исцрпеност.

Бидејќи ова се случувало пред многу векови, не е јасно дали се работело за вистинска состојба или социјален феномен, кога ќе се земе во предвид дека историчарите од иднината можеби истото ќе го мислат за некои минати денешни трендови како „Харлем шејк“ или „Гангнам стајл“.
Некои модерни истражувачи сугерираат дека „танцувачката манија“ би можела да биде предизвикана од неколку работи: труење од гнила ‘рж, епилепсија, тифус, па дури и од еден вид социјално споделена манија предизвикана од стресот од живеењето во тој период.

2) Тинејџер кој умрел од ХИВ/СИДА во ерата пред таа да се појави



Приказната за Роберт Рејфорд останува чудна медицинска мистерија и денес. Во 1969-та ова 16 годишно момче од Сент Луис умрело од непозната болест, а 19 години подоцна испитување на неговата презервирана крв открило присуство на вирус близок или идентичен на ХИВ – што значи дека тој умрел од компликации поврзани со ХИВ/СИДА и покрај тоа што повеќето експерти веруваат дека вирусот за прв пат се појавил во САД во средината на 1970-тите.

Тогаш како некој толку млад од САД ја добил инфекцијата толку рано? Тогашните доктори забележале дека тој бил инфициран и со сексуално преносливата болест кламидија, а медицинските документи не покажале знаци дека некогаш имал примено трансфузија на крв. Една од претпоставките е дека тој се проституирал од дете, но сепак се работи само за шпекулација.

3) Епидемијата со онесвестување во Западниот брег, 1983



Скоро 1000 луѓе од кои скоро сите биле палестински тинејџерки кои живееле близу Западниот брег, биле хоспитализирани помеѓу март и април  во 1983 година поради онесвестување. Многу женски израелски војници од таа област исто така покажувале знаци на заматен вид, гадење и несвестица.

Весникот Њујорк Тајмс објавил дека палестинските водачи ги обвиниле израелските доселеници и официјални лица дека користеле хемиски оружја во училиштата во Западниот брег  за да ги избркаат арапите надвор од таа област, или да ги стерилизираат арапските девојки.
Денешните медицински експерти веруваат дека најверојатно се работело за случај на масовна хистерија, а извештај од центарот за контрола и превенција на болестите во САД трвди дека  мали изолирани случаи на труење со хидроген сулфид можеби предизвикале психогенична болест кај младите жени.

4) Поп песни кои предизвикуваат епилептични напади



Дваесет и пет годишен маж добивал епилептични напади секој пат кога се обидувал да реши Судоку загатки. Докторите од универзитетот во Минхен кои го студирале откриле дека нападите не се случувале кога чита, решава математички проблеми или запишува бројки, туку кога врши други визуоспатијални задачи кои вклучуваат броеви.

Ако ова не било чудно, имало и жена која добивала вакви напади секој пат кога ќе ја слушнела песната „Temperature” на пејачот Sean Paul (Шон Пол). Истото и се случувало и со други поп песни како “Umbrella” на Rihanna, и други.

5) Глорија Рамирез – “токсичната дама“



Во февруари 1994, Глориа Рамирез била донесена во калифорниската болница со ефекти од напредна фаза на рак на матката. За само неколку часа, 23 од 37 медицински лица кои дошле во контакт со неа почнале да се онесвестуваат и да добиваат грчење на мускулите, а голем дел од нив морало да бидат хоспитализирани.

До ден денес никој не сигурен што точно се случило со „токсичната дама“ (прекарот кој го добила).

Тим научници во 1997 дале објаснување дека би можело да се работи за ланец од невообичаени хемиски реакции. Независни истражувачи сугерирале дека таа користела диметил сулфоксид како домашен лек против болка, кој во комбинација со кислородот администриран од докторите можел да формира диметил сулфон, кој со електричните шокови за време на дефибрилацијата можел да се конвертира во диметил сулфат – моќен отровен гас.

6) Ненаситниот Тараре



Тараре бил маж од 17-тиот век познат по бизарниот „талент“ – неговиот ненаситен апетит.

Се вели дека тој работел како уличен забавувач кој патувал низ Франција и заработувал јадејќи сè што ќе се ставело пред него – буквално сè – од камења и јаглен до живи животни и неверојатни количини храна.  Во еден документ се спомнува дека еднаш изел оброк наменет за 15 луѓе, како и неколку животни. И покрај сето ова, тој бил слаб, но боледувал од дијареа целиот негов живот. Легендата вели дека кога се пријавил во болница, тој во ноќните часови се шетал низ неа, пиејќи ја крвта на другите пациенти, а еднаш бил и обвинет дека изел бебе.  Умрел од туберкулоза во Версај 4 години подоцна.

Неговата приказна се одвивала пред да постои фотографијата или модерното документирање, но за среќа за него се знае од рани медицински документи од 18-тиот век.

Некои сметаат дека се работело за шарлатан и измамник, меѓутоа поради немање на дополнителни информации истражувачите не можат да проценат каде точно реалноста завршува и митот започнува, ниту пак да проценат точна дијагноза за неговата состојба.

7) Епидемијата на „спијачката болест“ на 20-тиот век

Помеѓу 1915 и 1926, 5 милиони луѓе биле инфицирани од болест која ги правела неподвижни како статуа. Голем број од нив умреле, или никогаш не се вратиле во првобитната состојба, а освен неколку изолирани случаи, во светот не бил забележан ниеден сличен случај на оваа болест.

Научниците денес ова го нарекуваат Encephalitis lethargica, еден вид на воспаление на мозокот, а единственото заедничко нешто кое го имале сите заболени било присуството на стрептококата, бактерија која најчесто се асоцира со благи болки во грлото.Претпоставката на научниците е дека оваа бактерија имала невообичаена мутација која го провоцирала имунолошкиот систем премногу да се активира и да го напаѓа мозокот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби