Денот на вљубените и обичаите ширум светот

Денот на Свети Валентин, попознат како Денот на вљубените во западната култура, е празник кој се прославува на 14 февруари секоја година. Посредно или непосредно, празникот го одбележуваат голем број луѓе ширум светот, иако овој ден обично е работен.

Прославата на Свети Валентин (денот) во почетокот била наменета на неколкумина истоимени ранохристијански светци. Најпозната мартилогија (начин на кој некој станува светец - маченик) на Валентин е дека е погубен бидејќи венчавал војници, што тогашниот римски цар Клаудиј Втори строго го забранил, сметајќи дека оженетите мажи се лоши војници. Според верувањето, додека заминувал да му ја отсечат главата, Валентин на слепата ќерка на чуварот во затворот и испратил писмо со жолт шафран, во знак на благодарност за укажаното внимание. Било потпишано од „твој Валентин“.

Секоја култура внела нешто свое

Подарувањето црвени рози стана популарно и во арапската, индиската, кинеската и јапонската култура. Секоја култура внела нешто свое, па денес Денот на вљубените се слави на различни начини ширум планетата.

Чоколаден ден во Јапонија

На овој ден, сите жени на мажите им подаруваат чоколади. И тоа ги даруваат сите, од колеги, соседи, сопрузи, до шефови и познаници. Мажите возвраќаат на вниманието, но еден месец подоцна со тоа што им подаруваат бело чоколадо. Тој обичај се вика Бел ден.

Губење невиност на Тајланд

Со оглед на тоа дека Денот на вљубените е резервиран за љубов, Тајланѓанките токму него го одбраа за губење невиност и за секс без обврски. Според некоја статистика, дури 80 отсто од девојките на Тајланд стапуваат во сексуални односи токму на 14 февруари. Секоја година, пред овој датум, почнува кампања за подигнување на свеста кај младите во врска со полово преносливите болести. Во училиштата и факултетите се делат кондоми.

Свети Валентин во Финска

Во Финска овој ден се доведува во врска со пријателството. Тој ден се даваат мали подароци, честитки и чоколади на пријателите и семејството. Оној кој ги испраќа подароците останува анонимен, па е многу интересно да се погоди кој кому што подарил.

Писма до Јулија во Италија и читање поезија

Оригинално, Италијанците го прославувале Денот на вљубените како Пролетен фестивал. Младите и вљубените ќе се собереле во градините и уживале во читање поезија и музика пред да заминат на прошетка со своите сакани.
Уште една традиција за овој празник е тоа дека младите, немажени девојки се будат пред зора за да го забележат својот сопруг. Се верувало дека во рок од една година ќе се омажат за човекот што го виделе ова утро.

Денес, Италијанците го слават Денот на вљубените на романтични вечери и разменувајќи подароци. Најпопуларен подарок е „Baci Perugina“ - лешник прекриен со чоколадо, на чие пакување се испишани романтични пораки на четири јазици.
На Денот на вљубените Верона е преполна со писма. Италијанците пишуваат љубовни пораки на своите сакани, а оние кои сакаат да се вљубат и да ја пронајдат сродната душа, своите писма ги испраќаат на Јулија - симбол на трагичната љубов. Најубавите писма се наградуваат.

Французите, вечни љубовници

Париз се смета за најромантичен град во светот. Со таа репутација, не е чудно што во Франција овој ден долго се прославувал како ден за љубовниците.  Постои приказна дека првата честитка за Денот на вљубените, кои сега се традиција во Франција и светот, настанала кога војводата Шарл Орлеански испратил љубовно писмо до неговата сопруга, додека бил затвореник во Лондонската кула во 1415 година.

Некогаш постоел обичај за овој ден да се организира „loterie d'amour“ - љубовна лотарија, при што мажи и жени се собирале во нечиј дом и се запознавале.

Доколку нашле соодветен партнер, двојката останувала заедно, додека дамите кои останале без партнер се собирале околу логорски оган. Во огнот фрлале фотографии од своите поранешни партнери или сопрузи кои им наштетиле, истовремено навредувајќи ги и колнејќи ги. Тие обичаи станале толку неконтролирани, што на крајот француската влада ги забранила.

Англија

Непосредно пред Денот на вљубените, жените во Англија поставуваат пет ловорови листови на перницата - еден во секој агол и еден во средина, со цел во соништата да им дојде идниот сопруг. Во некои краишта, тие листови прво се потопуваат во ружина вода. Во Норфолк, децата го чекаат Џек Валентин, некоја верзија на Дедо Мраз или Свети Никола, кој им остава подароци на тремот или на терасите.

Филипини

Обичаите за овој ден на Филипините се многу слични на оние во западните земји, но една традиција ги „маѓепса“ младите во земјата. На овој датум, на сите плоштади се собираат илјадници двојки и се венчаваат или ги обновуваат заветите.

Јужна Африка

Како и во многу делови на светот, и во Јужна Африка се прославува Денот на вљубените. Покрај подарувањето цвеќе, слатки и слични симболи на љубов, вообичаено е жените да закачат срце на ракавот. На тоа срце го испишуваат името на лицето за кое се заинтересирани и така мажите дознаваат која им е тајна обожавателка. Тој обичај потекнува од Рим и се вика „Lupercalia“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби