Понесете ја природата секаде со себе

Неполн месец нè дели од почетокот на пролета и од сите убави нешта кои  ни ги носи ова годишно време.

Кога природата ќе се разбуди од зимскиот сон, тешко е да им се одолее на сите оние цвеќиња и растенија кои пленат како со својот изглед, така и со својот мирис.

Доколку сметате дека садењето и одгледувањето на сопствена градина е нешто едноставно, тогаш ве советуваме да започнете со уредувањето уште оваа пролет.

Понесете зеленило на балконот или градината

Посадете зелени растенија кои имаат интересни и декоративни листови, а немаат цвет. Со тоа ќе бидете сигурни дека ќе имате постојано зеленило и нема да се двоумите дали цвеќето ќе започне да цвета или не оваа сезона.

На пример можете да посадите папрат кој е одличен за одгледување во саксии. Папратите сакаат постојана влажност на воздухот, а вие ќе ја обезбедите повремено пропрскувајќи ги лисјата со вода. Дури можете да ги ставите во корпи за цвеќиња и да ги прикачите на балконот.

Можете да посадите и лаванда доколку имате куќа и тоа да ги наместите насадите така што ќе бидат одличен украс покрај оградата. Потоа цветовите лаванда да ги соберете да ги исушите и да подготвите чај, некој вкусен десерт или пак едноставно да внесете убав мирис во вашиот дом.

Цвеќиња во домашното уредување

Внесете ги цвеќињата во домот на тој начин што ќе ја украсите трпезаријата, ќе поставите неколку вазни и ќе ги аранжирате со убави букети. Дури декорирајте ја масата каде што ќе појадувате.

Посадете зачински билки

Ако живеете во центарот на градот и сте заглавени во висококатница, не значи дека не можете да посадите неколку зачински билки кои ќе ги имате секогаш свежи на располагање кога готвите. Можете да ги одгледувате на балконот или пак на прозорецот во кујната. Се што е потребно е малку сонце и желба за одгледување. Можете да посадите рузмарин, магдонос, босилек, власец, оригано, нане, копар и многу други кои наоѓаат секојдневна примена во готвењето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби