Коски откриени во 1940-тите 99% се на Амелија Ерхарт

Со декади старата мистерија за исчезнувањето на Амелија Ерхарт е решена со 99% сигурност, според научниците кои сè уште го истражуваат случајот.

Познатата авијатичарка исчезнала некаде над Тихиот Океан при обид за лет околу светот во 1937, а заедно со нејзиниот навигатор Фред Нунан никогаш не била пронајдена.

Сега,Ричард Јанц од универзитетот во Тенеси кој е експерт по скелетална биологија верува дека коски пронајдени на едно острово во Пацификот се нејзини со 99% сигурност.

Во 1940, на островот Гарднер (сега Никумароро) биле пронајдени коски на 644km. јужно од островот Хауленд каде Ерхарт според планот на летање требало да слета.

Тие биле испратени за анализирање каде им биле земени мерки пред да бидат изгубени.

Сега, користејќи ги тие мерки, Др. Јанц ги споредил тие коски со димензиите на Ерхарт (добиени со компарација на нејзините фотографии со разни предмети) и дошол до заклучок дека најверојатно се нејзини, бидејќи е скоро невозможно дека некоја случајна личност би ги имала идентичните димензии.

Во анализата биле споредени коските од Никумароро со оние на 2776 луѓе, од кои 17 имале димензии слични на Ерхарт, но само две од нив биле жени.

TIGHAR (Меѓународната група за откривање на историски воздухоплови) ја истражува теоријата дека Ерхарт слетала на Никумароро уште од 1980-тите.

Ричард Жилеспи, извршниот директор на групата, тврди дека тие имале пронајдено и други артифакти на островот кои ја поддржуваат теоријата дека нејзиниот авион таму се срушил, и дека таа таму живеела како отпадник и умрела.

Еден од артефактите било стаклено шишенце кое содржело траги од жива, чиј дизајн се совпаѓа со оној на шишенцата со маст за пеги од брендот Dr CH Berry, која содржела жива – инаку, познато е дека Амелија имала пеги кои не ѝ се допаѓале.

Од TIGHAR исто така имале пронајдено и џебен нож кој бил од истиот тип како оној кој бил дел од инвентарот на нејзиниот авион.

Жилеспи верува дека Ерхарт преживеала на островот неколку недели, па можеби и месеци, пред да почине од жед, глад, или труење на крвта од инфекција од повредите бидејќи немала пристап до антибиотици.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби