Пронајдена најстарата порака во шише

На 12 јуни 1886, германски морнар фрлил порака во шише во Индискиот Океан, а скоро 132 години подоцна таа конечно била пронајдена на плажа во Австралија, правејќи ја рекордер за најдолго време непрочитана порака во шише.

Шишето било откриено од Тања Илман додека со фамилијата се шетала на плажа на 180km северно од Перт, а пораката била цврсто свиткана и врзана. Откога го однела дома и ја исушила пораката, видела дека на неа бил отпечатен текст на германски, со избледен германски ракопис.

Пораката била датирана од 12 јуни 1886 и на неа биле запишани координатите на локацијата каде што била фрлена, на околу 950km од брегот на Индискиот Океан. Исто така било запишано дека морнарот се наоѓал на германски брод наречен Пола, како дел од океанографска експедиција за подобро разбирање на океанските струи со цел да се пронајдат побезбедни рути за испорака на товар.

Постојат силни докази за автентичноста на ова откритие – шишето е автентично шише холандски џин од 19-тиот век, а постојат и записи од 1880-тите во кои се опишува патот на бродот.

Истражувачите од западно австралискиот музеј сметаат дека шишето најверојатно се нашло на плажата по година дена откога било фрлено, и таму стоело закопано во песок додека бура не го открила 130 години подоцна. Фамилијата која го пронашла го позајмила на музејот за да таму биде изложено во наредните 2 години.

Пред ова откритие, најстарата позната порака во шише била стара 108 години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби