Во Истанбул расцвета прекрасен тепих од лалиња

И оваа година на плоштадот Султан Ахмет спроти црквата Света Софија во Истанбул расцвета рекордно голем килим, составен од стотици илјади лалиња кои секоја година се садат со цел да се потсети на освојувањето на Констатинопол од страна на Османлиите.

Цветната површина од 565.000 лалиња, е „распослана“ на 1.740 метри квадратни. Бројката 565 ги симболизира 565-те години од 1453-та, кога Османлиите го освоиле Константинопол, денешен Истанбул. Ова е досега најголемиот „килим од лалиња“ во светот.

Лалињата, традиционално, потекнуваат од источна Турција и од степите во Централна Азија, каде што овој цвет, според верувањето, бил првпат култивиран од Османлиите. Со ова, Турците денес сакаат да пратат порака дека всушност Турција е „земја на лалињата“, а не Холандија.

Турција и Холандија веќе не спорат за тоа која земја е прататковината на нежниот цвет. Истанбулскиот Фестивал на лалињата во 2013-та беше посветен на 400-годишнината од воспоставувањето билатерални односи меѓу двете земји.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби