Најпознатите потонати бродови низ светот

Низ светот постојат разни потонати бродови во океаните и низ плажите кои можат да се посетат. Еве како дел од нив изгледаат и како се нашле на тие локации.

1) Baron Gautsch, Ровињ, Хрватска

Овој парен брод бил наменет за пренесување патници, но во јули 1914 бил изнајмен на австро-унгарската војска за транспортирање на трупи за време на Првата светска војна.  За само еден месец по тоа наишол на минско поле близу островот Бриони при што загинале помеѓу 240 и 390 луѓе.

Денес, овој брод лежи на длабочина од 40 метри на брегот на Ровињ и е една од најпопуларните локации за нуркачите.

2) SS Mareno, Островот Фрејзер, Австралија

И овој брод бил патнички пред да биде пренаменуван во болнички за време на Првата светска војна. По војната, тој бил продаден на отпад за бродови од Осака, Јапонија. Додека бил влечен кон неговиот нов дом во 1935-та, бил зафатен од циклон кој го однел на островот Фрејзер во Австралија, каде што се наоѓа и денес.

3) The Belle, Мексиканскиот Залив

Откриен на „Денот на вештерките“ во 1996, остатоците на овој брод биле под вода 310 години пред да бидат откриени.

The Belle (“Убавица“) бил еден од 4-те брода кои припаѓале на францускиот истражувач La Salle, кој пренесувал 300 лица кои требале да ја колонизираат областа околу Мексиканскиот Залив. Сепак, неточните мапи го довеле стотици километри во погрешен правец кон брегот на Тексас, каде потонал во заливот Матагорда во 1686. Во него се уште се наоѓаат скелети од непознатите морнари.

4) Pantagiotis, Закинтос, Грција

На овој брод се шверцувале цигари, алкохол, а најверојатно и луѓе од Кефалонија  до Албанија во 1980, кога се насукал на грчкиот остров Закинтос

Постојат многу теории како завршил таму: дека бил бркан,  па се насукал на плажата, дека се судрил во карпа за време на бура, дека имал механички проблем или пак дека бил напуштен од екипажот.

Денес тој е популарна туристичка атракција до која пристап се има исклучиво со брод.

5) Gribshunden, Шведска

Gribshunden бил зафатен од пожар и потонал на брегот на Ронеби во јужна Шведска некаде по 1495-тата, а припаѓал на кралот Џон од Данска.

На него била пронајдена дрвена фигура од морско чудовиште за која се верувало дека требало да ги брка злите духови.

6) Dimitrios, плажа Валтаки, Грција

Според некои тврдења, овој брод се користел за шверцување цигари помеѓу Турција и Италија и бил запален за да се скријат доказите за тоа. Потоа бил напуштен на пристаниште во Гитион, на неколку километри од плажата Валтаки, каде се насукал во 1981 и каде се наоѓа и денес.

7) Eduard Bohlen, Намибија

Eduard Bohlen бил 95 метарски товарен брод познат по тоа што сега се наоѓа на сред пустина. Кога првпат се насукал во 1909 бил блиску до брегот, но сега се наоѓа на 305 метри оддалеченост од водата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби