Вилата на Тито има тунел за кој знаеле само малкумина

Вилата Извор или како што ја нарекуваат локалните жители и работниците во Националниот парк Плитвице - „Објект 99“, е сместена далеку од погледите, во зафрлен дел од паркот и во прилично руинирана состојба, која потсетува на некогашниот сјај.

При изградбата, Вилата Извор важела за најскапата претседателска резиденција. Градена е по Втората светска војна, од страна на политички затвореници.

Кодното име на објектот наводно е добиено по 99-те осуденици кои ги поставиле темелите. Додека вилата целосно функционирала, тука доаѓале политичари, пријатели и елитни гости, кои се дружеле и состанувале со Тито. Понекогаш оделе и на лов. Во салата за состаноци се воделе тајни разговори, а потоа следело релаксирање со виски и цигари.

Вилата имала и кугларница, сала за билјард, дури и кино сала. Гостите кои престојувале по неколку денови можеле да се сместат во некој од елитните апартмани.

Малкумина знаеле за подземниот тунел, долг 80 метри, кој служел како таен излез при вонредни ситуации. Раскошот и сјајот на вилата од минатото, денес сосема се исчезнати.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби