Пиво за во нулта гравитација

Австралиската пивара 4 Pines Brewing заедно со инженерската компанија Saber Astronautics Australia развиле пиво наречено Vostok Space Beer, а моментално преку масовно финансирање развиваат нов вид на шише – обете дизајнирани за консумирање во Вселената.

Идејата зад дизајнирање на шише за пиво за користење во микрогравитација е искуството на пиење пиво во Вселената да биде што послично на она на Земјата. Наместо да го пијат од кеса која се стиска, тие би можеле да го пијат директно од шише со помош на површинската тензија на специјалното шише кое ќе го држи пивото залепено за него и специјална сламка.

Самото пиво е помалку газирано од нормалното, но сè уште го има истиот вкус и текстура.

Сè уште не знаеме како различните нивоа на гравитација ќе влијаат на толеранцијата на алкохол кај луѓето, но токму ваквите прашања тимот инженери и производители на пивото ќе се обидат да ги одговорат доколку добијат доволно финансиски средства за тоа, преку crowdfunding кампањата.

Моментално, на астронаутите на NASA им е забрането да пијат алкохол, додека пак на руските астронаути им препорачувале од време на време да се напијат коњак.

Иако малечка е шансата во скоро време на Интернационалната Вселенска Станица да се отвори минибар за точење пиво, од 4 Pines велат дека некои компании кои развиваат вселенски туризам се заинтересирале за нивниот производ со цел на идните туристи да им овозможат да се освежат со ладно пиво за време на летовите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби