Места кои би требало да ги посетат љубителите на криминални стории

Колку и да се вознемирувачки некои криминални случаи, многу луѓе се фасцинирани од нив – од дознавањето кој бил последниот оброк на некој убиец, до откривањето на некои од најпознатите нерешени убиства.

Еве неколку локации во САД кои би биле исклучително интересни за оние кои ги интересира оваа тематика.

1) Дознајте ги деталите за убиствата нарачани од Чарлс Менсон



Приказната како по наредба на Чарлс Менсон, водач на култ во Калифорнија, биле брутално измасакрирани Шерон Тејт (тогашната жена на режисерот Роман Полански) и уште 4-ца други во 1969 ги интересира љубителите на криминалните стории со години наназад.

Доколку сте еден од нив, можете да ја посетите турата во Лос Анџелес која трае 3.5 часа, водена од Скот Мајклс, еден од авторите на документарецот за овие убиства. Во истата можат да се слушнат и аудио снимки од самите убијци кои во детали ги опишуваат часовите кои воделе до трагичниот настан.

2) Пијте во барот каде била уапсена Ајлин Вурнос



Ајлин Вурнос, проститутката која убила 6 мажи пред да биде уапсена во 1991 во Last Resort Bar во Порт Оринџ, Флорида, е тема на филмот Монструм кој и донесе Оскар на Шарлиз Терон. Туристите сè уште имаат шанса да го посетат барот каде Вурнос (која во меѓувреме е егзекутирана во затвор во Флорида) го пиела својот последен пијалок и била уапсена, како и блискиот мотел каде убила една од своите 6 жртви.

3) Прошетајте го маалото каде Џефри Дамер ги наоѓал жртвите



Џефри Дамер имал убиено 17 мажи и момчиња во периодот од доцните 70-ти до раните 90-ти, а имал и канибалистички склоности.

Cream City Cannibal турнејата во Милвоки во траење од 75 минути овозможува низ маалото Walker's Point на партиципантите да шетаат по улиците на кои Дамер пронашол 7 од своите жртви.

4) Преноќете во куќата каде 8 луѓе биле убиени од мистериозен убиец



9 јуни 1912 бил трагичен ден за фамилијата Мур, бидејќи 6 нејзини членови плус 2 куќни гости биле брутално убиени од убиец со секира кој никогаш не бил идентификуван, а се вели дека нивните немирни духови до ден денес ги прогонуваат просториите на куќата.

Постетителите може да ја посетат куќата во Ајова преку ден, но и да резервираат преноќување во неа.

5) Локации во областа на заливот Сан Франциско каде убивал Зодијак



Идентитетот на убиецот Зодијак е мистерија 50 години по неговите убиства во областа на заливот Сан Франциско. Најмалку 5 жртви се потврдени дека се негови, но се претпоставува дека нивниот вкупен број е далеку поголем. Тој го добил името поради тоа што често пати испраќал шифрирани писма до полициските службеници и новинарите, од кои дел се дешифрирани и можат да се погледнат на Zodiac Killer турата.

Турата има 2 опции – една која трае 1 час и е во околината на Сан Франциско и друга која трае 5 часа која опфаќа 4 локации на негови убиства во Валехо, езерото Бериеса и маалото Пацифички висови во Сан Франциско.

6) Зградата во Далас од каде наводно пукал Харви Ли Освалд



Ли Харви Освалд е наводниот атентатор на претседателот Џон Ф. Кенеди. Тој никогаш не го дочекал судењето бидејќи бил убиен пред тоа, меѓутоа многумина се сигурни дека тој пукал од прозорец на шестиот спрат од библиотеката во Далас.

Сега тој спрат е музеј каде може да се погледнат многу детали во врска со атентатот на претсетаделот, до убиството на Харви од страна на Џек Руби.

7) Рутата на бегство на Џон Вилк Бут – атентаторот на Абрахам Линколн



Откога Џон Вилк Бут го убил претстедателот Абрахам Линколн во театарот Форд во Вашингтон, тој и неговиот соучесник Дејвид Херолд биле во бегство 12 дена низ јужен Мериленд и Вирџинија. Тие подоцна биле фатени, но потрагата по нив била најголемата која дотогаш се случила во Америка.

Музејот The Surratt House нуди тура која вклучува 12-часовно патување со автобус, а започнува од театарот Форд и завршува на фармата Гарет во Вирџинија. Вклучува возење по некои од оригиналните патишта по кои тие бегале и посета на домовите кои криминалците ги користеле во 1865-та.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Отишол Трпе на гинеколог.
- Еве ви ја жената докторе, ако може да и ја проширите малку.
Докторов со задоволство го прифатил тоа, отишол во другата соба и завршил работа.
Ја...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Пантификален ден на Светата столица.

1721.- По две децении војување со Шведска, по...
1752.- Умре Александар Скарлати, италијански...
1797.- Французинот Андре Жак Гарнериан прв го...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби