Kралски резиденции поекстравагантни од Бакингемската палата

Бакингемската палата можеби е најпознатата кралска резиденција во светот, но е далеку од најраскошна. Моменталниот дом на Кралицата Елизабета II има 775 соби, огромни градини, историски скулптури и иконски балкон – каде принцезата Дајана за прв пат се бакнала со принцот Чарлс како маж и жена.

Еве неколку палати ширум светот кои се полуксузни од Бакингемската и во кои живеат кралски фамилии побогати од британската кралска фамилија.

1) The Forbidden City (Забранетиот град), Пекинг, Кина

Изградена за 4 години – од 1406 до 1410-та, Забранетиот град била кинеската империјална палата од династијата Минг, па до крајот на династијата Чинг. Лоцирана во центарот на Пекинг, ова е најголемиот комплекс на палати во светот со повеќе од 8700 соби. Забранетиот град е толку голем што е поделен на два дела – јужен наменет за императорот и северен каде живеела неговата фамилија.

2) The Palace of Versailles (Палатата на Версај), Франција

Иконскиот кралски дворец Версај оригинално бил ловечка куќа која подоцна била трансформирана во спектакуларна палата од кралот Луј 14ти доцна во 17-тиот век. Таа има 700 соби, 5000 парчиња мебел и 6000 историски слики, со 400 скулптури и 1400 фонтани во дворот.

3) The Winter Palace (Зимска палата), Санкт Петербург, Русија



Оваа палата била официјалната резиденција на руската кралска фамилија, а нејзината последна верзија била изградена помеѓу 1730 и 1837, простирајќи се на над 60 000㎡. Има 1500 соби декорирани во барокен и неокласичен стил, полни со историски богатства кои вклучуваат мумии, слики од познати сликари и Фаберже јајца прекриени со дијаманти.

4) The Istana Nurul Iman палата, Брунеи



Оваа палата е официјална резиденција на супер-богатиот брунејски Султан Hassanal Bolkiah, и е најголема во светот која сè уште се користи како кралска резиденција. Изградена во 1984-та. Овој комплекс се состои од 1788 соби, банкет сала за 5000 гости и џамија за 1500 луѓе. Резиденцијата вклучува и 5 базени и ноќен клуб.

5) Аксарај палата, Анкара, Турција



Новата претседателска палата во Анкара била комплетирана во 2014-та и чинела 615 милиони долари. Гигантскиот комплекс со 1150 соби е 4 пати поголем од Версај.

6) Schönbrunn Palace, Виена



Оваа палата има 1441 соба и била изградена за Императорот Леополд 1-ви во раните 1700-ти. Во неа се наоѓа најстарата зоолошка градина во светот.

7) Mysore Palace, Индија



Позната и како Amba Vilas Palace, ова е официјална резиденција на Водејарите, кралска фамилија од Mysore. Палатата е една од најпознатите туристички атракции во Индија, по Таџ Махал, со повеќе од 2.7 милиони посетители годишно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби