Холандски град креира вселиви 3D принтани куќи

3D принтањето станува значаен, ако не и централен дел од различни индустриски области – од изработка на делови за вселенски летала, до 3D принтање на живо ткиво. Возможно е и принтање на цели куќи со помош на масивни индустриски 3D принтери, но такви досега не добиле постојани жители.



Сега тоа ќе се смени – холандската градежна компанија Van Wijnen ги принта првите куќи во светот кои се навистина вселиви (т.е ја поминуваат инспекцијата), или барем така велат. Дел од Project Milestone овие футуристички домови ќе бидат 3D принтани во близина на градот Ајндховен.

Моментално се направени 5 куќи, секоја со уникатна форма и големина кои ја покажуваат флексибилноста на оваа нова технологија. Тие се принтани на друга локација, а потоа транспортирани, а при крајот на проектот тимот се надева дека ќе може да прави дополнителни измени на нив носејќи го принтерот на „лице место“.



Сето ова резултира со процес кој овозможува брзо градење на живеалишта – во споредба со оние од цигли за кои се потребни повеќе од 6 месеци да бидат комплетирани. Новиот процес побарува помалку работници, намалувајќи ја цената на куќата и шансите за случување на незгоди на минимум. Покрај тоа, количината на цемент и неговиот транспорт е сведен на минимум, редуцирајќи го неговото влијание врз животната средина.

Варијабилноста на материјалите базирани на цемент кои се користат за 3D принтање треба дополнително да се истражува за да се одреди како тие влијаат на квалитетот на воздухот и биоразградливоста, но како и да е се чини дека 3D принтањето нема целосно да ги замени  конвенционалните градежни методи, туку ќе ги прошири.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби