Македонец во Австрија со тибетска терапија им помага на луѓето да проодат

Ернест Дамјановски е Македонец кој живее и работи во Виена, Австрија. Она по што е и познат на пошироката јавност е неговата способност да им помага на луѓето кои имаат најразлични проблеми со болки во рацете и нозете, болки во `рбетниот столб, најразлични типови на главоболка и проблеми со нервите.

-Се занимавам со местење на нервите по `рбетниот столб (тибетска медицина) како и киропрактика. Ова го работам со години. Моите пациенти се задоволни и имам голем процент на успешност во решавање на нивните проблеми. Започнав да се занимавам со киропрактика додека живеев во Германија. Тоа ми дава дополнителна сигурност и сила во лечењето на моите пациенти, вели Ернест.

Работата на Дамјановски сведочи сама за себе. Неговите пациенти отворено зборуваат за своите проблеми, а воедно и за тоа како Ернест им помогнал да се справат со нив, нешто на што е особено горд и среќен.

Марјан Бетински, од Берово, кој работи како професионален возач, раскажува за тоа како Дамјановски му помогнал да застане на нозе.

Pacient od Berovo, Makedonija, koj ne mozese da se dvizi. Dojdov vo Linz i go podignav na noze.

Posted by Ernest Damjanovski Makedonski on Monday, March 19, 2018

 

Шваба од Виена имал проблеми со `рбетот и колковите, поради што бил принуден да носи патерици. Веќе по 10 третмани, тој повторно може да се движи без помагала.

Posle 10 tretmana, shtakite gi trgnavme.

Posted by Ernest Damjanovski Makedonski on Friday, May 25, 2018


Станислав Радивојевиќ, е пациент со приклештен нерв, кој поради својата состојба, бил советуван да направи операција. Сепак, ниту докторите не можеле да му ветат дека исходот на истата ќе биде позитивен.

Ova e eden pacient, koj bese vo mnogu kriticna sostojba. Ne mozese da ide, imase priklesten nerv i imase golemi bolki. Problemot go imase poveke od 3 godini koj doktorite vo Viena mu preporacuvaa da ide na operacija, a istite tie ne mu garantiraa nisto poveke od 10 % deka ke bide uspesna. Jas go namestiv i den denes nema nikakvi problemi. Pominaa veke 13 meseci od togas.

Posted by Ernest Damjanovski Makedonski on Friday, January 1, 2016

Најтешкиот случај со кој што досега се соочил Дајмановски, е оној на 40-годишна жена од Грција, која 20 години не можела да стане од кревет.

-Со неа правевме третмани секојдневно во текот на 30 дена. Жената стана од креветот и почна да оди, но мораше да користи потпора. Нејзиниот проблем не беше само во нервите на `рбетниот столб, туку и со центарот за рамнотежа., објаснува тој.

Сите оние кои имаат потреба од неговата помош може да го контактираат на неговата меил адреса, преку Viber и со јавување на телефонскиот број.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Зошто горилата имаат големи ноздрви?
- Зашто имаат дебели прсти.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Од денес, 15 ноември, стапува на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15...
Верски календар
На денешен ден
42.п.н.е.- Роден е римскиот цар Тибериј, посинок...
1095. - На црковниот собир Клермон, во Франција,...
1272.- Умре англискиот крал Хенри III, кој стапи...
1797.- Умре прускиот крал Фридрих Вилхелм II кој...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби