Библиотека во Данска открила дека 3 книги се отровни

Во библиотеката во универзитетот на Јужна Данска биле откриени 3 ретки книги од 16-тиот и 17-тиот век со разна историска тематика кои содржеле големи концентрации на арсен на нивните корици.

Oтровните квалитети на книгите биле детектирани со серија micro-XRF анализи која го прикажува хемискиот спектар на материјалот со анализирање на карактеристиките на „секундарната“ радијација емитирана од материјалот бомбардиран со високо-енергетски икс-зраци. Оваа технологија често се користи во археологијата и уметноста за истражување на хемискиот состав на сликите, керамиката и сл.

Причината што овие три ретки книги биле однесени во лабораторија за проверка е поради тоа што библиотеката претходно открила дека фрагменти од средновековни ракописи биле користени за изработка на кориците.

XRF анализата покажала дека зелениот пигмент во кориците бил арсен – хемиски елемент кој е една од најтоксичните супстанци во светот и може да предизвика разни симптоми на труење да развие канцер, па дури и да предизвика смрт.

Во природата, арсенот е вообичаено комбиниран со други елементи како јаглерод или водород и е познат како органски арсен.

Неорганскиот арсен, пак, може да има чиста метална форма како и да е дел од соединенија и е многу поштетна варијанта, а неговата токсичност не ослабува со времето.

Во зависност од видот и траењето на изложеноста, симптомите на труење со арсен вклучуваат иритиран стомак, црева, гадење, дијареја, промени на кожата и иритација на белите дробови.

Зелениот пигмент пронајден на кориците на книгите се смета дека е „Paris green”, познат и како “смарагдно зелена“, и се користел за многу намени особено во 19-тиот век.

Индустриското производство на овој пигмент во Европа било иницирано во почетоците на 19-тиот век, а него го користеле импресионистичките и пост-импресионистичките сликари за да ги креираат нивните дела.

До втората половина на 19-тиот век, токсичните ефекти на оваа супстанца биле повеќе познати и таа престанало да се користи како пигмент, но се користела како пестицид на фармите – што престанало некаде кон средината на 20-тиот век.

Во случајот на книгите, пигментот не бил користен со естетски намени, туку најверојатно за нивна заштита од инсекти и глодари. Под одредени услови, соединенијата кои содржат арсен можат да се трансформираат од микроорганизми во арсин (AsH₃) – исклучително отровен гас со мирис на лук.

Познати се приказни од Викторијанскиот период каде зелени тапети во детските соби буквално одземале животи на децата. Сега, библиотеката ги чува овие 3 отровни книги во вентилиран кабинет и во картонски кутии.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби