Напуштени острови со интересно минато

Сите ја сакаат мистеријата и интригите поврзани со напуштените локации, но што кога се работи за цели острови на кои веќе нема луѓе?

Еве неколку фасцинантни приказни поврзани со разни напуштени острови ширум светот:

1) Хашима, Јапонија



Островот Хашима во Јапонија имал 5000 жители, но тој бил напуштен откога депозитите јаглен биле потрошени во 70-тите.

Корпорацијата Mitsubishi овој остров богат со јаглен го претворила во населен град полн со комплекси со апартмани, ресторани и школи, но кога депозитите јаглен се потрошиле, компанијата ја оставила оваа метропола да се распаѓа.

Островот не е населен повеќе од 40 години, а од скоро е отворен за туристи кои би сакале да ги истражуваат руините прикажани во Џејмс Бонд филмот “Skyfall” од 2012-та.

2) Сент Килда, Шкотска



Островот е важна локација за размножување на разни морски птици, но секојдневниот живот за луѓето таму бил далеку од идеален.

Откога бил населен во Бронзеното време, неговата популација постепено се намалувала бидејќи локалното население страдало од неухранетост, болести и изолација затоа што немале скоро никаков контакт со надворешниот свет. Неколкуте преостанати жители биле евакуирани и релоцирани во Шкотска во 1930-тите.

Денес, островот е сопственост на Националниот фонд за Шкотска и светското наследство на UNESCO. Многу од куќите кои биле во распаѓање се реставрирани, па дури има и бар наречен The Puff Inn (според птиците Puffin).

3) Deception („измама“), Антарктик



За овој остров се бореле многу различни нации, сè додека вулканот на него не еруптирал два пати, уништувајќи скоро сè во неговата близина.

Ловците и научниците долго време се интересирале за островот. Тој едно време бил Норвешко-Чилеанска станица за ловење китови, како и база за научни истражувања на Чиле, Аргентина и Обединетото Кралство.

Денес сите стари згради се напуштени или делумно уништени од активниот вулкан на островот. Иако не е погоден за живеење, често е посетуван од фотографи и туристи.

4) Холанд, Мериленд



Островот Холанд во заливот Чесапик бил дом на стотици морнари и фармери, а со тек на времето еродирал и практично исчезнал во водата. До 1922-ра, комбинацијата од сериозните поплави и сè помалото копно ги натерала жителите да се иселат.

Од тогаш, островот постојано тоне, а во 2010-та единствената преживеана куќа конечно била уништена од брановите и колабирала во заливот.

5) Укивок, Алјаска



Остатоците на селото Укивок на Кралското Острово преживеале 50 години и покрај нивната локација.

Локалната популација таму ги поминувала зимските денови ловејќи фоки и ракови, но била приморана да го напушти островот кога била затворено единственото школо во средина на 1900-тите.

Во најдобриот период, таму живееле околу 200 луѓе, а причината за затворањето на школото била потенцијалната опасност од лизгање на околните карпи. Напуштеното школо и денес стои целото.

6) Островот на чумата Повеља, Италија



На островот Повеља во Венеција, Италија, од 14-тиот до 17-тиот биле носени заболените од чума, поради што се смета за најпроколнатото место на Земјата.

Тој бил еден вид карантинска колонија каде луѓето со чума биле носени да живеат и умрат во изолација. Над 160 000 инфицирани луѓе биле испратени таму, а се смета дека над 50% од почвата на островот содржи човечка пепел.

7) Окуношима, Јапонија



Познато и како „зајачко острово“, таму империјалната армија произведувала отровен гас за време на Втората светска војна, кој бил искористен за убивање на најмалку 80 000 војници и цивили во Кина.

Се верува дека зајаците биле донесени таму за да се тестира ефективноста на отровниот гас, но кога војната завршила тие биле ослободени и пуштени во природата.

Денес, на островот има над 300 диви зајаци, кои љубителите на животни можат да ги посетат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби