Суеверието за петок и „несреќниот“ број 13

Петок 13-ти за голем број суеверни луѓе во светот, посебно во Европа, во Северна и Јужна Америка, во Австралија, се смета за несреќен ден. На овој ден се избегнуваат патувања, склучувања договори и други поважни работи, стравувајќи од несреќа.



Има повеќе верувања за потеклото на суеверието за петок 13, почнувајќи од тоа дека Ева во рајот го измамила Адам со јаболкото токму во петок, дека на тој ден се случила библиската поплава, дека Бог на петок 13-ти ги измешал јазиците на Вавилонската кула, а и Исус Христос бил распнат в петок. За „несреќниот“ број 13 се врзува и верувањето дека токму толку луѓе биле на Тајната вечера.

Сепак, како најубедливо верување за потеклото на митот за петок 13, историчарите го посочуваат настанот што се случил на 13 октомври, петок, 1307 година, кога францускиот крал Филип Четврти наредил да се уапсат и погубат водачот на темпларскиот ред Жак де Молеј и шеесетина негови најблиски приврзаници.

Хајката по темпларите бргу се проширила низ цела Европа. Стотици припадници на христијанскиот воен ред Темплари, настанат за време на првиот крстоносен поход во 1096 година, биле уапсени, мачени и убиени за да се принудат да го „признаат“ својот наводен ерес.

Папата Клемент Петти во 1314 година го забранил Темпларскиот ред, по што тој продолжил да постои тајно.

Од тој петок 13, 1307 година, следбениците на темпларите го сметат тој ден како несреќен и како ден на ѓаволот.

Суеверието за петок 13 или за „несреќниот“ број 13, го поттикнуваат и филмска и издавачка продукција со многубројни дела токму на таа тема, меѓу кои се холивускиот филмски серијал Петок 13, мистериозната новела „Тринасетмина на вечера“ од Агата Кристи и драмата околу мисијата на вселенскиот брод Аполо 13 за што е снимен и филм.

Според најновите истражувања астероидот Апофилис ќе и се приближи на Земјата в петок, 13 април 2029 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби