Ѕирнавме зад камерите на снимањето на видео спотот на Македонски Телеком

Сонце, море, плажа, бескрајно синило и... АКЦИЈА! Вака отприлика изгледала атмосферата зад камерите за време на снимањето на последниот видео спот во кој главната улога ја има нашата позната актерка Јелена Јованова.

Рекламата којашто е актуелна за последната роаминг понуда на Телеком, деновиве го привлекува вниманието на граѓаните не само поради атрактивноста на понудата, туку и поради лежерноста, амбиентот, локацијата на снимањето, секако и поради позитивниот лик и харизмата на Јелена.

17.07.2018

Со Телеком, поврзани каде и да сте во текот на целото лето! Слободно споделувајте и јавувајте се со новата опција каде добивате 500 MB и 500 мин. во роаминг!

Posted by Telekom MK on Tuesday, July 17, 2018

  За многумина од нас кои се прашуваат како воопшто се одвива снимањето реклами, дознавме дека овојпат сѐ траело само еден ден во стариот дел од градот Котор и неговата околина и течело одлично, иако почетокот на денот не ветувал многу.

-Започнавме со снимање во 05 часот наутро и како за беља нè пречека тмурно и дождливо време. Но, како што вели старата анегдота, по дождот изгрева сонце. Така беше и во нашиот случај. Среќата ни се насмевна и набрзо излезе сонцето кое ни даде дополнителен елан да ги снимиме предвидените кадри, ни раскажаа од екипата одговорна за снимањето на рекламата.

Што се однесува, пак, за соработката со Јелена, нивното задоволство е очигледно:

-Нејзиниот живот полн со патувања, обврски и честа комбинација на работа и одмор за нас беше одличен мотив за да ја поистоветиме со роаминг кампањата на Телеком. Јелена е голем професионалец и сѐ течеше беспрекорно, иако можеби на моменти топлото време сите нѐ истошти. Прекрасниот јадрански амбиент одлично ни „легна“ и можам да заклучам дека ова беше едно навистина возбудливо и забавно снимање каде што локацијата исто така придонесе за магичноста на кадрите, велат од тимот.

Во продолжение ви овозможуваме да ѕирнете на сетот за време на снимањето, како и да почувствувате дел од атмосферата на целата екипа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Напис на маица:
- Учете од грешките на вашите родители - користете контрацепција.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини,...
Верски календар
На денешен ден
1784.- На островот Кодијак, на Алјаска формирана...
1867.- Роден е Џон Голсфорди, англиски писател,...
1909.- Во Солун е извршен втор неуспешен обид за...
1915.- Во селото Никифорово, гостиварско, е...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби