Дестинации од Јапонија до Норвешка на кои е забрането да се умре

Можеби мислите дека законите на логиката и физиката не можат да се менуваат, но постојат неколку места каде што ниту по едниот ниту по другиот закон не е дозволено да се умре. Ако некогаш се одлучите да ги посетите, треба да знаете дека здравственото осигурување нема да ви биде потребно.



Ицокошима, Јапонија

Јапонскиот остров, познат како Мијаџима, се смета за свето место кое е дом на многу антички храмови. За да се задржи чистотата на ова место, раѓањето и смртта тука се забранети од крајот на 19-век, па локалните жители пред да умрат ги носат на блискиот остров. На Ицокошима и натаму не постојат ниту гробишта ниту болници.

Лонгирбиен, Норвешка

Најсеверниот град на светот се наоѓа на архипелагот Свалбард, а слојот на непрекинато смрзнато тло и константно ниските температури спречуваат телото да се разгради. Со цел да спречат ширење на болести, властите одлучиле да го забранат умирањето од 1950-та година. Тие кои се на смрт летаат со авиони до копно, каде подоцна „имаат дозвола“ да умрат.

Ланхарон, Шпанија

Градоначалникот на Ланхарон во југоисточна Шпанија уште во 1999-та година го забрани умирањето. Наводно гробиштата биле претрупани, па властите ги советувале четири илјадите граѓани да останат живи се додека надлежните не купат нова земја за гробишта. Градоначалникот дури и ги советува луѓето „максимално да се грижат за своето здравје се додека не се пронајде адекватно место за нови гробишта“.



Сарпуренк, Франција

Градоначалникот на француското село Сарпуренк уште во 2008-ма година „им забранил“ на жителите да умрат, освен ако немаат закупено гробно место. Дури им се заканил и со казни. Како што вели на радикалниот потег се одлучил откако му било забрането да ги прошири гробиштата. Дали некој го прекршил законот, а особено како е казнет, исто така не е познато до денес.

Селја, Италија

Во 2015-та година надлежните им забраниле на жителите не само да умрат туку воопшто да не се разболат во обид да го спречат опаѓањето и стареењето на популацијата. Давид Зикјанела, градоначалник на местото потпишал декрет со кој им се наредува на жителите своето здравје да го стават на прво место. Градот во 1960-та година имал 1.300 жители, а до 2015-та година останале само 537, од кои 60 отсто се постари од 65 години.

Биритиба Мирин, Бразил

Во гратчето Биритиба Мирин, 90 километри источно од Сао Паоло, во 2005-та година властите забраниле умирање поради тоа што гробиштата го достигнале максималниот капацитет од 50 илјади лица. Истиот случај се случил и во Франција, каде властите не одобриле проширување на гробните места, па и овде градоначалникот забранил умирање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби