Невеста од пеколот: Сакам подарок од 1500 долари! Што е толку тешко?

Сите невести понекогаш знаат да бидат помалку каприциозни кога станува збор за еден од најважните денови во нивниот живот, денот на нивната венчавка.

Сепак, приказната за Сузан од Канада покажува дека некои од нив едноставно не знаат за доста. Оваа невеста требало да се венча со своето долгогодишно момче на церемонија вредна околу 60 илјади долари.





Сепак, на само четири дена од големиот ден, парот ја откажал венчавката бидејќи гостите не го исполниле условот за присуство- да платат по 1500 долари од човек.

Поради ова исфрустрираната невеста го истури својот бес врз пријателите и семејството на Facebook.

-Јас конкретно, мислам навистина конкретно, побарав подароци во плик. Како можеме да си ја дозволиме венчавката од соништата без соодветно финансирање? Жртвувавме толку многу и само побаравме од гостите околу 1500 долари. Зборувавме со неколку луѓе кои дури ни ветија дека ќе ги исполнат нашите соништа. Мојата старосватица вети 5000 долари заедно со нејзините услуги за планирање. Низ солзи се заблагодаривме и прифативме. Семејството на моето сега веќе поранешно момче се понуди да придонесе со 3000 долари.

Затоа нашето барање за 1500 долари од другите гости не беше е**** необично. Беше јасно. Ако не можете да придонесете, не сте поканети на нашата ексклузивна венчавка. Тоа е забава што се случува еднаш во животот, објаснува невестата.

Убава замисла, ама лоша реализација. По ваквото барање само 8 од поканетите гости испратиле чек со бараната сума, што мошне ја разгневило идната невеста.

-Како можевме да го изведеме сето тоа без мала поддршка од нашите пријатели. За да биде полошо семејството на моето поранешно момче си ги повлече парите. Одеднаш сè повеќе луѓе се повлекоа, вклучувајќи ја мојата старосватица. Мојата најдобра пријателка од детството. Моето второ семејство. Бев шокирана и во солзи. Имаше само месец дена до венчавката. Да се откаже сè би чинело повеќе до 5000 долари, продолжува Сузан и додава дека нејзиниот свршеник предложил да направат мала венчавка во Лас Вегас, што уште повеќе ја налутило.



-Моето екс момче ја напушти собата и воопшто не се ни извини за својот ужасен предлог. Тогаш и се јавив на својата старосватица и се исплакав. Наместо сочувство, ми рече дека барам премногу и дека треба да се држам до буџетот. Како може некој кој ми понудил илјадници долари потоа да ми ги негира понудените пари и да ми каже да го намалам буџетот? Знаеше дека мојот е*** сон е да имам луксузна венчавка.

Само сакав да бидам Кардашијан за еден ден и потоа да си живеам нормален живот.

Несудената невеста, на крајот освен тоа што не ја доби венчавката од соништата, ја раскина врската со свршеникот и се испокара со сите пријатели и роднини. Според неа, луѓето околу не се змии, па затоа ќе ги помине следните два месеци шетајќи се низ Јужна Америка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби