Мрдни со прст - пикник за сите во Градскиот парк во Скопје

В сабота, на 15ти септември, со почеток во 11 часот во Градскиот парк во Скопје, граѓанската платформа „Мрдни со прст“ организира голем целодневен настан со наслов „Мрдни со прст – пикник за сите“ кој ќе биде отворен за сите заинтересирани.

Целта на овој настан е да се креира простор за граѓаните каде ќе можат заедно да спортуваат, да се забавуваат, но и да поразговараат за граѓанскиот активизам, да добијат можност да се приклучат на идни граѓански акции и да им покажат на другите дека секој може да донесе промени во своето општество.

Настанот има за цел да понуди програма за сите возрасти и да креира простор за дружење и релаксација со повеќе часовно уживање со музика. Отворањето е во 11 часот кога ќе започнат активностите за најмладите и за спортистите, а ќе заврши со музичка програма во 1 часот по полноќ.

Познатиот телевизиски водител и аниматор Мартин 99 ќе го означи почетокот на настанот и ќе им ги најави на посетителите престојните активности, кои ќе се случуваат во текот на целиот ден.

Од 11 до 14 часот, Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ ќе организира серија активности за најмладите. Во исто време, ќе биде реализиран и спортско – забавен настан под мотото „Размрдај се“ што подразбира вежбање фитнес и јога со професионални инструктори под отворено небо, во кои можат да се вклучат сите возрасни групи граѓани.

Од 14 часот до 17 часот е време за дружење во „чил аут“ зоната во која повеќе македонски диџеи ќе пуштаат релаксирачка музика во позадина, додека посетителите ќе можат да уживаат во слободни активности како фризби, јо -јо...

Од 17.30 часот, па се до 19 часот ќе се одржи трибина под наслов „Нахрани го умот“ каде говорници ќе бидат серија граѓански активисти, кои ќе зборуваат за својата работа поврзана со борбата за чист воздух, здрава животна средина, учество во хуманитарни акции и борбата за подостоинствен живот на работниците. Водител на овој настан ќе биде Жаре од „Еден на еден“, кој ќе осигура и голема интеракција со публиката.

Од 19:30 часот до 20:30 часот ќе бидат прикажани 3 кратки филмови од млади домашни автори, кои веќе беа претставени на фестивалот за креативен документарен филм „Македокс“. Тоа се филмовите „Поинакви“, „Адолесцензура“ и „Поглед во очите“. Сите три филмови се занимаваат со современи приказни, теми со кои често пати се соочуваме, но ретко зборуваме за нив. Авторите на филмовите ќе бидат на проекцијата и преку својата приказна ќе се обидат да отворат дискусија со посетителите за овие проблеми.

Од 20:30 часот, па се до 1 часот по полноќ ќе настапат неколку познати музичари и диџеи зад своите миксети меѓу кои Гоце САФ, Тони Зен, Dj BoogieMan и Dj GameOver.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби