9 пати кога светот бил на работ на нуклеарна војна

Бомбардирањето на Хирошима и Нагасаки со атомски бомби во август 1945-та го означи крајот на Втората светска војна, но и почетокот на ерата на нуклеарни оружја.

За време на Студената војна, политиката на взаемно уништување помеѓу САД и Советскиот сојуз (наречена MAD) значела дека доколку едната нација искористи нуклеарно оружје врз другата, во најскор можен рок би следел ист одговор на тоа.

Тој период граѓаните низ светот неколку пати биле соочени со ризик од нуклеарна војна

1) 5 октомври 1960 – Месечината била помешана со проектили



На 5 октомври 1960-та, од новоконструираната радарска станица во Тул, Гренланд дошло до предупредување за детектирани проектили за кои било речено ќе пристигнат на територијата на САД за 20 минути.

NORAD (Североамериканска команда за воздушна одбрана) била ставена во највисок степен на готовност, а паниката се намалила откога тие сфатиле дека советскиот премиер Никита Крушчев се наоѓал во посета на Њујорк (што значи русите не би ја ризикувале неговата смрт со бомбардирање), за подоцнежна истрага да утврди дека радарот ја помешал Месечината над Норвешка дека е советски проектил.

2) 24 ноември, 1961 – прекинувач предизвикал механички дефект



Стратешката воздухопловна команда (SAC) во Омаха, Небраска, изгубила контакт со NORAD и радарската станица Тул, поради што помислила дека се работи за некаков напад.

Целата воздухопловна единица добила наредба да се подготви за полетување, но кризата била избегната кога американски бомбардер успеал да воспостави контакт со Тул и да потврди дека тие не биле под напад. Подоцна било откриено дека еден прекинувач успеал да предизвика дефект и да ја сопре целата комуникација, дури и итните линии, помеѓу SAC, NORAD и Тул.

3) 25 октомври, 1962 – мечка ја „разгорила“ Кубанската ракетна криза



Кубанската ракетна криза е најверојатно најблиску до кога светот дошол на работ на нуклеарна војна. Тоа бил настан кој траел 13 дена, од кој се издвојуваат 4 инстанци од кои првата се случила на 25 октомври 1962.

Тензиите веќе биле прилично високи за време на оваа криза, која била конфронтација помеѓу САД и Советскиот сојуз поврзана со американскиот балистички ракетен распоред во Италија и Турција со последователно распоредување на советски балистички проектили во Куба, по што војската на САД била ставена во фазата DEFCON 3 – два чекори од нуклеарна војна.

По полноќ на 25 октомври, чувар во центарот во секторот Дулут во Минесота забележал силуета која се обидува да се искачи преку оградата, за која помислил дека е советски саботер – па така пукал во неа и го активирал алармот за обид за саботажа.

Ова ги активирало алармите во сите воздухопловни бази во таа област и бидејќи се знаело дека во DEFCON 3 не се одржуваат никакви тестови од овој вид, на пилотите им било наредено да полетаат со нивните F-106A пресретнувачи наоружани со нуклеарни оружја.

За среќа, бргу било откриено дека се работи за лажна тревога и тие биле сопрени од автомобил кој влетал на пистата за полетување.

Се покажало дека натрапникот во кој било пукано била мечка.

4) 27 октомври, 1962 – Советска подморница за малку ќе лансирала нуклеарно торпедо



На овој ден се случиле 2 настани – извиднички авион U-27 бил соборен од советите додека летал над Куба, при што загинал пилотот, што предизвикало ескалација на тензиите до највисока точка.

Подоцна, советска подморница B-59 била детектирана во обид да ја помине блокадата поставена од американската морнарица околу Куба, при што од американскиот носач на авиони USS Beale биле испукани длабински предупредувачки експлозиви за да подморницата се натера да исплива на површината.

Капетанот на B-59, Валентин Савицки, помислил дека подморницата е под напад и наредил да се спреми лансирањето на нуклеарно торпедо кон носачот на авиони USS Randolf.

Сите три офицери на B-59 морале да се сложат пред да се лансира торпедото, а за среќа Васили Аркхипов тоа не го сторил и го убедил капетанот да исплива на површината и да чека понатамошни упатства од Москва.

5) 27 октомври, 1962 – Воздухопловните сили на САД испратиле во воздух авиони со нуклеарни оружја



Истиот ден, пилотите на воздухопловните сили на САД за малку не предизвикале трета светска војна над Беринговото море, кое се наоѓа помеѓу Алјаска и Русија.

Извиднички авион U-2 бил на рута кон Северниот пол во мисија за земање на примероци на воздухот, кога случајно навлегол во советскиот воздушен простор, не знаел каде се наоѓа и таму поминал 90 минути пред да се врати назад

Најмалку 6 MiG авиони биле испратени да го соборат U-2, а како одговор на тоа воздухопловната команда на САД испратила F-102 авиони наоружани со нуклеарни ракети воздух-воздух.

За среќа, F-102-ките никогаш не ги пресретнале MiG-овите и го испратиле U-2 назад кон Алјаска.

6) 28 октомври, 1962 – радарски оператори се збуниле во врска со непознат сателит



Радарските оператор во Мурстаун, Њу Џерси, пред 9 наутро пријавиле во NORAD дека советски нуклеарни ракети се на пат кон САД и треба да удрат точно во 9ч. 2мин. во Тампа, Флорида.

Додека NORAD се спремале да реагираат, тоа време поминало без никакви детонации, за подоцна да биде откриено дека радио операторите во Мурстаун се збуниле поради тоа што за време на симулација на лансирање на проектили од Куба, сателит неочекувано се појавил на хоризонтот.

7) 9 ноември, 1979 – тренинг за малку не се претворил во реална ситуација



Во 3 наутро на овој датум, компјутерите на NORAD предупредиле за стотици нуклеарни ракети лансирани од советски подморници кои се на пат кон САД.

Активирани биле сите одбранбени системи, па дури полетал и авионот кој требало да го пренесува претседателот во случај на нуклеарен напад со цел да се осигура неговата команда, иако претседателот Џими Картер не бил во него.

Советникот за национална безбедност Збигњев Брзезински знаел дека одлуката на претседателот требала да се чека помеѓу 3 до 7 минути, па решил да не му ја пренесува информацијата за нападот на Картер сè додека не е 100% сигурен дека се работи за вистинска закана

По 6 минути, сателитите потврдиле дека не се одвивал никаков напад, туку дека техничар не сакајќи активирал симулација на такво сценарио во еден од компјутерите на NORAD.

8) 26 септември, 1983 – советски полковник го прави најголемото коцкање во историјата



По полноќ на овој датум, советските сателитски оператори во бункерот Серпуков-15 на југ од Москва добиле предупредување дека бил лансиран американски нуклеарен проектил, за подоцна да бидат детектирани уште 4.

Командантот на бункерот, Станислав Петров, требало да ги информира неговите надлежни за ова, но решил тоа да не го стори, бидејќи резонирал дека доколку САД решиле да го нападнат Советскиот сојуз со нуклеарни оружја, ќе испрателе стотици одеднаш, а не само 5.

Но, Петров не можел со никаква сигурност да знае дали тоа навистина е случајот, сè додека не поминало доволно време за до тогаш проектилите веќе да стигнале до нивните цели.

По 23 минути, теоријата на Петров се потврдила, бидејќи се испоставило дека се работи за лажна тревога – советски сателит за светлина рефлектирана од облаци помислил дека се проектили.

9) 25 јануари, 1995 – и по распаѓањето на Советскиот сојуз, повторно имало нуклеарна тревога



Четири  години по распаѓањето на Советскиот сојуз, првиот претседател на Руската федерација, Борис Јелцињ, за малку не започнал нуклеарна војна.

Руски радар детектирал лансирање на проектил со слични карактеристики на проектилот Тридент од брегот на Норвешка. Тоа всушност била норвешка научна ракета на мисија да ја анализира аурора бореализ. Норвешките власти го информирале  Кремљ за ова лансирање, но за него не биле информирани радарските оператори.

На Јелцињ му била дадена руската верзија на нуклеарниот куфер кој ги содржи шифрите за лансирање на нуклеарните проектили, но за среќа неговата претпоставка дека се работи за лажна тревога била точна и руските сателити потврдиле дека немало никаква активност од американските локации за лансирање проектили.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби