Чудна историја на болести кои биле потполно погрешни

Во нашите постојани напори да го олесниме страдањето, често групираме разни симптоми и ги нарекуваме болест. Во најголем број на случаи, тоа е ефикасно, но во минатото постојано се правеле грешки кои од денешна гледна точка ни делуваат чудни и смешни.

Еве само мал дел од веќе долго време непостоечки медицински дијагнози кои порано се користеле:

1) Неурастенија



Пред повеќе од еден век, доколку сте биле преморени, иритабилни, па и импотентни, дијагнозата за тоа била неурастенија, а лекот во зависност од полот, бил или да се одморите и кампувате (за мажи), или да се скриете во темна соба (за жени).

Како причина за оваа состојба се сметала потрошувањето на енергијата во нервниот систем како резултат на супер зафатениот модерен живот, инспирирајќи некои хумористично да ја наречат „американитис“.

Од средината на 20-тиот век, оваа дијагноза била напуштена во корист на други дневни нарушувања и ја снемало од медицинските книги.

2) Носталгија



Лекарот Јохан Хофер состојбата кога нешто ни фали (на пример, топлината на сопствениот кревет кога сме далеку од дома, храната на баба ни и сл.) ја класифицирал како невролошка болест причинета од демони, на која и го дал името носталгија.

Во книги од 19-тиот век биле опишувани случаи на носталгија при што настапиле 2 смртни случаи, од кои едниот вклучувал „задушување од очајот предизвикан од напуштање на сакана личност“.

3) Хистерија



Поранешните „експерти„ во анатомија сметале дека органите не секогаш се наоѓале на нивното вообичаено место, особено кај умрените и сметале дека матката, како и повеќето други органи, се движеле низ телото.

Симптомите на „движечка матка“ вклучувале ненамерно смеење или плачење, чувство на задушување, како и засилени емоции.

„Лечењето“ се состоело или со бременост, или во мирисање на билки, или во намерно предизвикување „пароксизми“ – напади на емоции.

4) Хлороза



Хлорозата, или „болеста на девиците“, била состојба слична на она што сега го нарекуваме анемија (слабокрвност). Томас Сајденхам, британски лекар од 17-тиот век, како симптоми на оваа болест ги опишал бледата боја на лицето, главоболки и отсуство на менструација, а лекот кој го препорачувал било пиење на вода со железо.

Раните лекови, пак, вклучувале затруднување, бидејќи хлорозата се сметало дека се случува кога жените не затруднувале доволно брзо по односот.

5) Драпетоманија



Во средината на 19-тиот век, американскиот лекар Семјуел А. Картврајт не можел да сфати зошто некои афроамерикански робови не сакале да останат робови, па така измислил болест за да тоа го објасни и ја нарекол драпетоманија – од грчкиот збор „drapetes”, кој значи избеган слуга.

„Третманот“ за робовите кои бегале како резултат на оваа т.н ментална болест било камшикување и врзување и повредување на нозете за да се им оневозможи движењето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Возел камионџија и паишол на калуѓерка - автостоперка. Застапал ија примил во камионот. Кога се доближиле до целта и рекол дека мора да му плати за возењето. Калуѓерката му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
41.- Убиен е римскиот цар Гај Јулиј Калигула. Тој...
76.- Роден е римскиот цар Публиј Елиј Хадријан,...
1712.- Роден е Фридрих Втори Велики, пруски крал...
1732.- Роден е францускиот писател Пјер Огистен...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби