Животни на кои им се заканува целосно исчезнување

На 21 март годинава, последниот машки северен бел носорог умре на 45 годишна вораст.  Судан – именуван според земјата каде бил роден и живеел под заштита на вооружени чувари, боледувал од дегенереративна состојба на мускулите и коските и бил еутаназиран.

За среќа, научниците успеале од него да земат генетски материјал кој еден ден би можел да биде искористен за креирање на повеќе такви животни преку ин-витро оплодување.

Постојат уште многу други видови на животни на кои им се заканува целосно истребување, а дел од нив се:

1) Амур леопард



Овој подвид на леопарди, познат и како „леопард од далечниот исток, Манчуриски или Корејски леопард“, може да трча со брзина од 60км/ч. и да скока и до 6 метри во височина. Според пописот од 2015-та, живи се само околу 60 вакви леопарди кои живеат во национален парк во Русија.

2) Планински горила

Популацијата на овие видови на горили изнесува нешто под 900, а најголемата закана за нивното преживување е политичката нестабилност (конфликтите во демократската република Конго), како и уништувањето на шумите.

3) Саола – азиски “еднорог“

Овие енигматски животни живеат во планинските региони во Виетнам и Лаос и се исклучително ретки – научниците досега документирале само 4 примероци.

4) Црн носорог

Бројот на црни носорози во Африка драматично се намалил во изминатиот век – во 1995-та постоеле помалку од 2500, што е за 98% помалку во споредба со 1960-та.

Од тогаш нивната популација е малку зголемена, па денес постојат 5000 – 5400 црни носорози.

5) Суматрански тигри

Денес постојат помалку од 400 вакви тигри, кои ги има само на Суматра, индонезиски остров.

Нивната смрт е предизвикана од ловците, но и од дефорестацијата, бидејќи со уништување на шумите од луѓето тие мораат да бараат храна на други места, при што се приморани да напаѓаат стока или луѓе и се сè повеќе убивани.

6) Вакита



Вакита е најреткото водно животно во светот, за прв пат откриено во 1958-ма. Денес се живи само 30 вакви животни, за повеќе од 92% помалку од 1997-ма.

За нивното исчезнување значително придонесуваат климатските промени, бидејќи влијаат на условите во нивните живеалишта и во синџирот на исхрана.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби