Убави вести во 2018-та кои го направија светот подобар

Годината која изминува беше многу драматична, полна со тешки катастрофи , некои природни, некои предизвикани од луѓето. Сепак не треба да се заборави дека се случија и некои многу важни, позитивни работи.

1. Првпат во историјата е намален број на сиромашните



Во септември Институтот Брукингс соопшти дека по првпат, откако се води евиденција, повеќе од половина од светската популација не се сиромашни, туку се припадници на средната класа или богати. Под поимот припадник на средна класа главно се подразбираат оние кои можат да си дозволат патување, кино, театар, кои можат да си купат автомобил…

Процентот на луѓе кои живеат под границата на сиромаштија падна од 36 отсто во 1990 година на околу девет отсто годинава, пренесува „Блиц“.

2.Се обновува озонската обвивка

Според најновата проценка за состојбата на озонската обвивка, горниот слој над северната хемисфера веројатно ќе биде целосно обновен до 2030 година, а целиот слој до 2060 година, вели ОН. Експертите сметаат дека тоа е исклучителен пресврт, кој покажува што сè е можно кога ќе се преземе глобална акција, пишува „Позитив Њуз“.

3. Горилите веќе не се критично загрозени



Планинските горила отстранети се од листата на најзагрозени видови. Последните податоци покажуваат дека нивниот број се зголемил од 620, колку што имаше во 1989 година, на околу илјада денес. Во 90-тите години, организациите на заштита на дивите животни почнаа големи акции што вродија со плод. Горилите беа на работ на изумирање, најмногу поради ловократците.

4. Херат исчистен од мини

Авганистанскиот регион Херат годинава конечно е целосно исчистен од мини, од кои голем број се поставени уште во 80-тите години од минатиот век. Години подоцна луѓето ги губеа животите, нагазувајќи на нив. Но, една британска група деминери, по една деценија работа, конечно регионот го направи чист од мини.

5.Намален бројот на самоубиства

Според „Економист“, глобалната стапка на самоубиства паднала за 38 отсто во однос на 1994 година, која важеше за година со рекордно многу самоубиства. Меѓутоа постојат и исклучоци како САД, каде стапката на самоубиства и натаму е во пораст.

6.ЕУ ги спасува пчелите



Во април ЕУ се согласи да забрани група инсектициди кои се поврзани со драматичното намалување на бројот на пчели. Експерти од 28 држави се договорија да ја забранат употребата на три отровни неоникотиноиди, шест години откако Европската агенција за безбедност на храната заклучи дека тие хемикалии се штетни за пчелите.

7. Индија ја декриминализирање хомосексуалноста

Врховниот суд во Индија ја укина забраната на сексуални односи меѓу луѓе со ист пол. Тој закон постоеше уште од времето на колонијализмот. Геј сексот повторно стана кривично дело во Индија во 2013 година. Но Врховниот суд гласаше за смена на овој закон во септември, носејќи одлука дека хомосексуален сексуален чин „меѓу полнолетни возрасни лица“ не е злосторство.

8. Забранет комерцијален риболов на Арктикот

Меѓународен договор забрани комерцијален риболов на Арктикот. Со оглед на тоа дека топењето на мразот создава нов потенцијал за експлоатација на Арктикот, забраната потпишана во октомври има за цел да го заштити поголемиот дел од кревкиот еко систем. Комерцијален риболов ќе биде забранет на значителен простор на Арктикот, согласно договорот потпишан во Гренланд.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби