Дали би живееле во куќа изградена со цигли од канализациски отпад?

Др. Абас Мохаџерани развил технологија за создавање на безбедни, безмирисни цигли од канализациски отпад, со тоа решавајќи два проблема.



Повеќе од 7 милијарди луѓе на планетава создаваат многу биолошки отпад, со чие процесирање се создаваат „биосолиди“ од кои некои се користат за наѓубрување на билки кои никој нема да ги јаде (како растење на дрвја за градба и сл.), но постојат сомневања за нивната безбедност доколку би се користеле врз културите со кои што се храниме. Како резултат на тоа, околу 30% од овие биосолиди се складираат или седат по депонии сè додека не им се најде некаква намена.

Мохаџерани кој работи во RMIT универзитетот во Австралија создал цигли од биосолиди и открил дека имаат многу предности во споредба со традиционалната глина.

Секоја година се копаат повеќе од 3 милијарди кубни метри глинена почва за потребите на глобалната индустрија за производство на цигли за да се продуцираат околу 1.5 трилиони цигли.

Нивото креирање побарува многу топлина, а горивото потребно за тоа значително допринесува кон глобалното затоплување.



Мохаџерани се запрашал дали 9-те милиони тони биосолиди создадени во ЕУ или 7-те милиони во САД секоја година можат да се претворат во цигли, со тоа отстранувајќи го проблемот со нивното складирање и отстранување, како и редуцирање на проблемите поврзани со производството на цигли.

Тој биосолидите ги искомбинирал со традиционални материјали кои се користат во производството на цигли за да создаде цигли кои во себе содржеле 10,15,20 и 25% биосолиди, за потоа да ги тестира перформансите на секоја.

Заклучокот бил дека за производство на една 25% биосолидна цигла била потребна половина од енергијата потребна за производство на конвенционална цигла, а новите цигли биле многу попорозни и со тоа и помалку термички спроводливи – што значи дека зградите конструирани од нив би имале потреба од помалку греење и ладење. Биосолидите често содржат тешки метали, но Мохаџерани вели дека повеќето од нив биле уништени во процесот на производството.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби