5 дестинации каде што живеат најопасните животни на светот

Во поглед на местата каде живеат најопасните животни во светот, обично доминира Австралија. Меѓутоа, таа не е единствената каде може да поминете фатално доколку наидете на определен тип на животни.

1)Источна Африка: Зимбабве и Мозамбик



Најсмртоносната змија во светот ја нема во Австралија, туку во саваните и карпестите предели во јужна и источна Африка. Популацијата на змии најмногу е концентрирана во Зимбабве и Мозамбик, а благодарение на агресивноста, брзината и исклучително токсичниот отров, црната мамба се смета за најопасната змија во светот. Овие змии можат да достигнат должина до 4 метри и да се движат со брзина и до 20км/ч. Тие имаат кафена боја, а името го добиле поради црната боја на внатрешноста на нивната уста. Обично напаѓаат кога се чувствуваат загрозени, а доколку една ваква змија ве касне, ако не примите противотров, последиците се 100% фатални.

2) Гребените на Тихиот Океан



Полжавите обично не се сметаат за опасни креатури, но конусниот полжав е исклучок. Тој обично може да се најде во гребените на Тихиот Океан. Долг е 15-тина сантиметри и има продолжен дел од устата со заб сличен на харпун од кој што испушта нервен отров кој може да убие бидејќи за него не постои противотров.

3) Арктичкиот круг



Поларните мечки на фотографиите можеби изгледаат слатко, но тоа се најголемите мечки во светот (високи до 2,5 метри и тешки до 725 килограми) воедно и најголемиот грабливец од арктичкиот жив свет. Тие живеат во т.н „Арктички круг“ во кои спаѓаат делови од Канада, Русија, Гренланд, Норвешка и САД (Алјаска). Нивните напади врз луѓе се ретки, а кога се случуваат причината најчесто е љубопитност, глад, страв или провокација.

Се проценува дека моментално во светот живеат 22 000 до 31 000 поларни мечки, од кои најмалку две третини во Канада.

4) Колумбија



„Златната“ отровна жаба е најотровниот ‘рбетник на Земјата. Овие жаби живеат во малечка област во дождовната шума на пацифичкиот брег на Колумбија, а нивниот отров е толку смртоносен што племето Emberá ги користи за да со него ги премачка врвовите на стрелите со кои што ловат. Во една жаба има доволно отров за да убие 10 возрасни мажи, а бидејќи жлездите со отров им се наоѓаат веднаш под кожата, човек може да се отруе и само доколку ги лизне или гризне.

5) Јужна Африка



Африканските биволи ги има во јужна и источна Африка, особено во националниот парк Кругер и се огромни – 120-150cm. високи и тешки до 830kg. Тие се многу агресивни и имаат остри рогови со кои можат да повредат, па и убијат некого дури и доколку се наоѓа во возило (за време на сафари)



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Зошто плавуша седи на радијатор?
- Го влажни воздухот!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. АМСМ информира дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е...
Верски календар
На денешен ден
1827.- Во Виена умре Лудвиг ван Бетовен,...
1859.- Роден е англискиот писател Алфред Едвард...
1868.- Роден е Ахмет Фауд Паша, кој како Фауд...
1874.- Роден е американскиот писател Роберт Ли...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби