Ален Робер, познат како „францускиот Спајдермен“ денеска, без јаже, се искачи на облакодер во Париз за да собере пари за реновирање на познатата париска катедрала Нотр Дам.

Робер (56), кој повеќе од сто пати се искачил на облакодери низ целиот свет, овој пат го освои врвот на зграда висока 185 метри, со редовно застанување за да стави креда на рацете.Откако заврши со качувањето, беше уапсен.
Набљудувачите на овој необичен потфат го фотографираа „Спајдермен“.

Меѓу многуте градби, тој се има искачено на мостот Голден гејт во Сан Франциско и Бурџ Калифа во Дубаи. Париски надбискуп води кампања за собирање повеќе од 100 милиони евра за да го спаси Нотр Дам.