Познати градби кои биле уништени во пожар

Штетата предизвикана од пожарот на катедралата Нотр Дам во Париз се смета за вистинска трагедија, но ова не е прв пат некоја позната градба да биде уништена во пожар. Еве некои такви низ светот:

1) Универзитетската библиотека во Левен, Белгија



Универзитетот Левен бил познат по тоа што имал една од најдобрите библиотеки во Европа. Тој има изгорено двапати – еднаш во 1914-та кога Германија ја нападнала Белгија за време на Првата светска војна и повторно во 1940-та за време на Втората светска војна. По втор пат универзитетот бил изграден во 1951-ва и станал заштитен споменик во 1987-ма.

2) Пазарот Суп во Алепо, Сирија



За време на Отоманскиот период во 16-тиот век, овој пазар бил центар на културната размена и трговија со сапун, текстил и зачини. Бил уништен во 2012-та во престрелка помеѓу владата на Сирија и опозициските групи.

3) Кристалната палата, Лондон, Англија



Кристалната палата била домаќин на големата изложба во 1851-ва организирана од Принцот Алберт и Кралицата Викторија, а била уништена во пожар во 136, за да остатоците бидат целосно срушени во 1941-ва.

4) Paleis voor Volksvlijt, Амстердам, Холандија



„Палатата на луѓето“, како што била нарекувана, била комплетирана во 1864-та и станала центар на уметноста и културата со театарот кој собирал 9000 луѓе.

Во 1961-ва таа изгорела, а на нејзино место било изградено седиштето на Холандската банка во 1968-ма.

5) Националниот музеј на Бразил, Рио де Жанеиро, Бразил



Оваа градба се запалила во 2018-та откако музејот бил затворен за посетителите. За среќа никој не бил повреден, но 90% од артефактите во него било уништени, вклучувајќи ја и Египтолошката колекција.

6) Royal Clarence хотел, Девон, Англија



Хотелот бил изграден во 1796-та, а името го добил според Војвотката на Кларенс која таму престојувала во 1827-ма.

Над 1000 пожарникари се бореле со пожарот кој избил во 2016-та, но хотелот се срушил.

7) Националниот музеј на природната историја, Њу Делхи, Индија



Овој музеј бил основан во 1972-ра и бил познат по 160 милиони години стариот фосил на сауропод диносаурус, а поголем дел од неговата колекција бил уништен во пожарот од 2016-та.

8) Хотелот на плажа во Галвестон, Тексас



Дизајниран во 1882-ра, овој хотел мистериозно изгорел во 1898-ма, по само 16 години постоење. Постојат шпекулации дека хотелот исфрлал канализациски отпад во Мексиканскиот залив, па поради тоа бил уништен од градот.

9) Палатата Тулиер, Париз, Франција



Катарина Медичи, кралицата на Хенри II од Франција, ја нарачала изградбата на Палатата Тулиер како кралска резиденција во 1564-та. Во подметнат пожар била уништена во 1871-ва, а во подоцна нејзината градина била реконструирана портата моделирана во стил на архитектот од 16 век, Филиберт Делорм.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби