За прв пат забележана албино панда

За прв пат е забележана албино панда и тоа во Кина, како се движи низ бамбусова шума. Пандата била фотографирана со инфрацрвена камера која се активирала кога пандата се движела во нејзина близина.

Се работи за неверојатно редок примерок, за кој се проценува дека е новороденче старо 1 до 2 години.

Официјалните лица од националниот природен резерват Волонг во кинеската провинција Сичуан ја објавија фотографијата од гигантската панда (Ailuropoda melanoleuca), објаснувајќи дека таа била снимена во средината на април.

Албинизмот е ретка генетска состојба која се јавува и кај луѓето и животните и предизвикува неможност за создавање меланинска пигментација на кожата.

Според резерватот, заштитената област каде пандата била снимена се наоѓа на 2000 метри надморска височина. Сега во тој реон ќе бидат додадени нови камери со цел да се следи движењето на ова животно кое досега никогаш не било документирано.

Моментално се проценува дека во дивините живеат помалку од 1900 панди, од кои само 500 до 1000 се возрасни, поради што постои загриженост од нивно исчезнување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби