Подготвени за When in Krusevo vol.3?

Адреналинскиот When in Krusevo настан продолжува и оваа година! Третото летно издание на outdoor дружбата ќе се одржи од 21. – 23. јуни 2019, на веќе добро познатата локација на Крушевското езеро.



И ова лето рекреативците и вљубениците во Крушево, крушевската природа и планинскиот воздух, ќе имаат можност да уживаат прекрасен викенд во Крушево, исполнет со низа спортски и рекреативни активности, како и неизбежната луда забава.

Покрај редовните спортски активности: рекреативна (10 км) и долга (20 км) планинарска тура, планински велосипедизам низ прекрасната крушевска природа (мала 20 км и голема 40 км тура), тандем параглајдинг, кајак и SUP на Крушевското езеро оваа година гостите ќе имаат шанса за прв пат да пробаат и јавање на коњи. Во рамките на забавниот дел предвидени се рок и DJ журки каде ќе настапат нашите добро познати и редовни гости The Hounds, крушевските рокери Invictus, лудото jungle & reggae дуо Natty Fiyah SS, реномираниот DJ Todoroff и секогаш максимално расположениот и позитивен локален DJ Бапчу!
Кампот ќе биде поставен непосредно до Крушевското езеро, каде ќе уживате во свежите вечерни часови и прекрасните сончеви утра.

Цената на фестивалскиот пакет е 500 денари во кој се вклучени уникатна маичка од фестивалот со нова оригинална илустрација на добро познатиот македонски артист ТхеМичо, место за кампување, организирани планинарски тури со обезбедени водичи, организирани велосипедски тури, влезници во крушевските музеи и други подароци од останатите спонзори. За секој учесник обезбеден е и попуст од 50% за тандем параглајдинг (1500ден.). Во тек е и акција за групи, плати 4 земи пет карти!

Картите се во продажба преку продажната мрежа на MK Tickets и платформата за outdoor активности When in X.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби