Како изгледалe познатите американски обележја кога биле изградени

Познатите обележја како разни статуи, згради, мостови и слично ни се чинат како да постоеле отсекогаш. Сепак, многу од нив во суштина биле конструирани многу порано отколку што мислиме.

Еве некои американски обележја и како истите изгледале на почетокот од нивното постоење:

1) Статуата на Слободата



Статуата на Слободата била подарок од Франција и поставена во 1886-та, за време на периодот кога Гровер Кливленд бил претседател.

Изградена во Париз во 1884-та, таа била испорачана до САД во 350 парчиња кои требало повторно да се спојат. Висока 92 метри, кога била комплетирана таа била највисоката железна структура било кога изградена.

2) Мостот Golden Gate



Конструкцијата на овој мост започнала во 1933-та за да се поврзе северна Калифорнија со полуостровот Сан Франциско. Биле потребни 4 години да се комплетира мостот во должина од 2,7 километри кој тежи 887 000 тони, и уште една година пред да биде отворен за возила.

Golden Gate е обоен во специјална боја наречена „интернационална портокалова“, а потребни се помеѓу 19 000 и 38 000 литри боја за годишното ретуширање на целиот мост.

3) Зградата Empire State



Зградата била највисока во светот кога била комплетирана во 1931-ва – висока 381 метри, со 102 спрата. Антената висока 60 метри била додадена во 1950-та. Ова познато обележје на Њуjорк привлекува околу 3.5 милиони посетители годишно.

4) Планината Рашмор



Скулптурите на портретите на 4-те американски претседатели (високи 18 метри) Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон, Теодор Рузвелт и Абрахам Линколн биле изработени во периодот од 1927-ма до 1941-ва од страна на Gutzon Borglum, а оваа локација во 2016-та ја имале посетено 2.5 милиони луѓе.

5) Браната Хувер



Ова била најголемата брана во светот кога била комплетирана во 1936-та. Конструкцијата на оваа 221 метри висока градба започнала во 1930-та и се состои од над 764 600 кубни метри бетон. Браната Хувер и денес е највисоката бетонска брана во САД, а секоја година ја посетуваат 7 милиони луѓе.

6) Знакот Холивуд



Кога бил изграден во 1923-та, на знакот пишувало „Hollywoodland“ и служел како реклама за развој на недвижнини. Во 1940-тите бил срушен и повторно изграден да прикажува само „Hollywood” во 1949-та, за потоа повторно да биде срушен и изграден во 1978-ма.

Секоја од буквите е висока скоро 14 метри, а од 45-те милиони туристи кои секоја година го посетуваат Лос Анџелес, 10 милиони го посетуваат паркот Грифин каде што се наоѓа знакот.

7) Вселенската игла (Space Needle)



„Вселенската игла“ била изградена во 1962-ра за Светскиот Саем и за само 8 месеци, а идејата за неа започнала како скица нацртана на салфетка од страна на директор на хотел и главниот организатор на саемот, Едвард Е. Карслон. Таа и ден денес е дефинирачка карактеристика на Сиетл.

8) Бруклинскиот мост



Биле потребни 14 години за да се изгради Бруклинскиот мост – од 1869-та до 1883-та. Долг 486 метри, тој бил најдолгиот мост во светот до 1890-та, кога бил комплетиран мостот Форт во Шкотска.

Во работните денови преку него поминуваат во просек 13 196 луѓе и 32 453 за време на викендите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби