Како „Симпсонови“ го предвидоа Трамп и нападот од 11 септември 2001?

Цртаната серија „Симпсонови“ го забавува светот веќе 30 години и една од најзагадочните тривијалности околу ова шоу е тоа дека неколкупати, преку сатирата или некоја споредна случка, предвидуваат значајни настани на кои светот ќе стане сведок многу подоцна.



Така, на пример, Доналд Трамп, кој стана претседател на САД 2016 година, во ТВ серијата е прикажан како таков 15-на години претходно. Ова е, секако, и плодна почва за љубителите на теориите на заговор… Но, како настануваат овие „предвидувања“?

– Во светот се случуваат толку многу настани, што ние веќе сè почесто се собираме и разговараме за тоа, објаснува сценаристката Стефани Гилис за Би-би-си.

Така „го предвиделе“ претседателот Трамп, епидемијата со ебола, како и настапот на Лејди Гага на Супербол финалето во американско рагби.

– Седите во соба со уште 10 – 20 духовити луѓе… Па кога Трамп ќе направи нешто глупаво, луѓето говорат за тоа и се шегуваат. Да, многу ни е забавно, вели Ал Џин. Тој е во тимот сценаристи уште од 1989 година, односно од самите почетоци на серијата.

Приказната во некоја епизода произлегува токму од тие разговори, поточно од актуелноста на некој настан или некоја личност… Тој вели дека тоа е како групна психотерапија.



– Кога во 2000-тата разговаравме за тоа – која славна личност би можела да стане претседател на САД, на ум ни дојде Трамп, се потсетува Ал.

Во една епизода претходно пак, семејството Симпсонови пристигнуваат во Њујорк, а притоа, сé некако потсетува на терористичкиот напад на 11 септември 2001 година, што се случи потоа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби