Нотен запис на Моцарт продаден за 372.500 евра

Оригинална партитура за менуети којa што Волфганг Амадеус Моцарт ја напишал кога имал 16 години, и која била дел од колекцијата ракописи на австрискиот писател Штефан Цвајг, е продадена во Париз за 372.500 евра, скоро двојно повеќе од почетната цена.



Композицијата со два завршени менуета за оркестар, првично била проценета меѓу 150.000 и 200.000 евра. Компонирана е 1772 година во Салцбург.

– Цвајг бил голем колекционер на нотни записи, меѓу нив можеби најзначајни се оние на Моцарт… Ова е единствениот примерок од партитурата. Моцарт секогаш застанувал кај првата верзија, за разлика од Бетовен, кој постојано би му се враќал на својот труд, рече Сајмон Мегвајер, стручњак за музички ракописи во аукциската куќа „Сотби“.

На нотниот запис, со ракописот на Моцарт е напишано и „готово”. Тој никогаш никаде не е објавен, има неколку исправки и мали измени, од кои една или две се од таткото на Моцарт – Леополд. Композицијата ја зачувала сестрата на славниот музичар – Марија Ана, а на крај делото завршило во обемната колекција на Штефан Цвајг.

Записот е единствен од „Шест менуети К.164“ којшто сè уште е во приватна сопственост. Наддавањето е во рамки на продажбата на дела од библиотеката на познатиот швајцарски библиофил Жан-Франсоа Шапоние. Моцарт своите први музички дела ги компонирал како дете со помош на татко си.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби