Вo Русија пронајден дијамант од 190 карати

Огромен дијамант од 190,77 карати е пронајден во руската сибирска федерална единица Јакутија, само неколку дена пред Нова година, соопшти Алросе, водечкиот светски производител на дијаманти.



Според анализите на стручњаците, висококвалитетниот драг камен што бил ископан во далечната Јакутија на 25 декември, може непречено да лежи во природата две милијарди години. Натамошните испитувања ќе ја утврдат точната старост на дијамантот, пишува „Russia Today“.

-Откривањето на дијамантот непосредно пред Нова година е вистински подарок, изјави Евегениј Агурев, заменик генерален директор на Алросе.

Тој додаде дека природата годинава била дарежлива, со извонредни изненадувања како дијамантот во форма на срце, што компанијата го открила пред Денот на вљубените. Огромниот скапоцен камен сега е испратен на детални анализи и прелиминарно вреднување.

Претходно годинава, руски рудник за дијаманти откри необичен дијамант наречен Матрјошка, бидејќи потсетувал на традиционалната руска кукличка. Се верува дека овој дијамант, што е стар 800 милиони години, е апсолутно непроценлив и единствен во светот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби