Човек vs технологија: 8 интересни случаи кога луѓето се плашеле од новите технологии

Новите технологии не секогаш се добродојдени кај масовната популација.

Честопати недостатокот од информации за истите, во комбинација со стереотипите и стравот од непознатото си го прават своето, па луѓето во почетокот реагираат негативно на нешто што во суштина има позитивен ефект.

1) CRT мониторите предизвикуват спонтани абортуси?

CRT мониторите (со катодни цевки) беа вообичаени компјутерски монитори во 2000-тите. Меѓутоа, во средината на 2000-тите некои сметале дека ваквите монитори предизвикуваат спонтани абортуси кај бремените жени (на непознат начин), што довело до правење на разни тестови со кои, нормално, ништо слично не можело да се реплицира. Иако не постоела никаква научна или било каква поврзаност помеѓу мониторите и абортусите, сепак биле донесени безбедносните стандарди TC093 & TV095 за да се осигура редуцирање на (минималната) радијација од мониторите.

2) Седењето блиску до телевизорот ги уништува очите

Овој мит започнал пред многу години, и е докажан како неточен. Порано, особено кога телевизорите биле значајно помали во споредба со денешните, многу деца седеле блиску до нив додека растеле, а порано или подоцна им требале очила.

Поради тоа, се претпоставувало дека седењето блиску до ТВ приемникот го предизвикувало тоа, но реалноста била дека тие веќе имале влошен вид, па поради тоа седеле поблиску до телевизорот – истите тие деца ги доближувале и книгите кои ги читале поблиску до лицето.

3) Американското филмско здружение се обидело да ги забрани VHS/VCR машините

VCR и VHS долго време се користеле пред појавата на компакт дисковите и другите медиуми кои денес ни се познати (Blu-ray, дигиталните копии и др.), а кога за прв пат се појавиле на пазарот филмските и телевизиски компании не биле воопшто среќни, бидејќи сметале дека луѓето нема да излезат и одат во кино за да гледаат филм, доколку тоа можат да го прават дома.

Џек Валенти, тогашниот лидер на американското филмско здружение, дури се обидел и да ги забрани, давајќи таков предлог на владата - што за среќа не се случило. Наместо тоа, филмските и телевизиски студија постапиле паметно и започнале да ги објавуваат сопствените содржини на VHS ленти.

4) Видео игрите предизвикуваат масовни убиства и насилство

Една работа која со години се провлекува е теоријата дека видео игрите предизвикуваат масовни убиства и насилство, иако бројни студии со години го негираат тоа и не постои никаква корелација помеѓу видео игрите и насилството.

5) Продуктите за женска хигиена предизвикувале загриженост кај мажите



Технички, првите верзии на тампони датираат уште од времето на античкиот Египет, а нивната модерна верзија била претставена во 1933-та и патентирана под името „Тампакс“. Мажите сметале дека жените не би требало да користат тампони бидејќи, според нив, ставањето на тампон би предизвикувало премногу задоволство кај жените и тие не би можеле цел ден да ги сопрат нивните сексуални пориви.

6) Паника во врска со автомобилите

За време на индустриската револуција во 1800-тите, многумина ги мразеле автомобилите. Овој период во Англија бил донесен нов закон, наречен „закон за црвено знаме“.

Според него, секој пат кога некој возел или бил возен, човек со црвено знаме морал постојано да чекори пред автомобилот. Законот, нормално, подоцна бил повлечен, бидејќи немал никаква смисла и буквално ја спречувал првичната намена на автомобилите.

7) Y2K феноменот

Oние родени во 2000-тите најверојатно не знаат дека многумина од луѓето во 1990-тите „паничеа“ за 2000-тата година, бидејќи претпоставуваа дека цела светска технологија ќе престане да функционира кога ќе започне новиот милениум.

Дури постоеле и знаци и реклами кои на луѓето им кажувале да ги исклучат компјутерите пред полноќ, за да Y2K “багот“ не влијае на нив – бидејќи годините во разните алгоритми на некои програми обично се прикажувале со последните 2 бројки, се верувало дека при преминот во 2000-та тие ќе се „збунат“ и компјутерите и електрониката нема да функционира правилно. Разните компании и произведувачи се погрижиле со надградби на софтверите тоа да не се случи, но и покрај тоа паниката кај многумина продолжила. Како што сите сме сведоци, ништо од предвидената „апокалипса“ во врска со престанок на функционирање на компјутерите електричните уреди не се случило.

8) Страв од клонови

Во медицината биле правени бројни експерименти со клонирање, во обид за дуплицирање на органи, за да еден ден донирањето органи стане непотребно.

Меѓутоа, некои луѓе веруваат дека овој вид на клонирање ќе доведе до тоа владите низ светот да клонираат луѓе и потоа да се ослободат од нас, т.е од „оригиналните копии“, и покрај тоа што никогаш и никаде не постоел доказ за такво нешто. Покрај тоа, клонирање на целото човечко тело „во комплет“ со мислите и личноста е барем сега засега е невозможно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби