Броевите и суеверното верување поврзано со нив

Многумина слушнале дека според познатите суеверни верувања броевите 666 и 13 имаат лошо значење. Но, во одредени делови на светот, има и „пострашни“ броеви од нив. Од друга страна пак, има и општоприфатени среќни броеви.



Дали знаете од каде потекнува светскиот страв од петок тринаесетти?

Според порталот „Quiz Myth“, тоа е изворно нордиски мит, за 12-те богови што вечерале без Локи, богот измамник меѓу нив. Тој пристигнал последен, како 13-ти, непосакуван гостин на гозбата и го натерал Ходр – слепиот бог на храброста и на војната – да го застрела неранливиот Балдр – бог на смелоста и стаменоста – со смртоносното за него оружје, стрела од имела. Преданието вели дека тој починал во петок на 13-ти, по што земјата ја покрила темнина.

Во Шпанија, вторник 13-ти е многу поозлогласен од петок 13-ти. На тие денови, суеверните луѓе се плашат дури и одат да го фрлат ѓубрето. Целата приказна произлегува од Марс, богот на војната. Неговото име на шпански јазик значи – вторник. Легендата исто така говори и дека Константинопол првпат паднал под нападите на турко-монголската Златна орда во вторник, на 13 април 1204 година. Уште повеќе, се вели дека и познатата библиска приказна каде Бог внел забуна кај градителите на Вавилонската кула, е поврзана со вторник 13-ти.

Дали бројот 8 е број на среќата? Во многу светски култури бројката 7 значи совршенство, но Кинезите веруваат дека токму бројот 8 носи среќа. Баш затоа и продавачите вметнуваат осмици во цените, бидејќи се вели дека тоа помага побрзо да се продадат производите и услугите. Луѓето што купуваат стан пак, настојуваат тоа да биде на осми кат и по можност, на влезната врата да го има бројот 8.

Од друга страна, во Кина и некои други азиски земји, бројот 4, како што се верува – носи несреќа бидејќи на кинески јазик, зборот „четири“ звучи слично како зборот „смрт“.

Бројот 666 е ознаката на sверот, на Сатаната со седум глави со по 10 рога, како што е опишано книгата „Откровение на Јован: Апокалипса“. Во САД, пак, има суеверие за бројот 23. Се вели дека римскиот император Гај Јулиј Цезар бил прободен со нож 23 пати. Согледувајќи ја годината на раѓање (1967) и на смртта (1994) на Курт Кобејн, и во двата случаја, збирот на цифрите е 23 (1+9+6+7=23, 1+9+9+4=23). Натаму нападот на кулите близначки се случи на 11.09.2001 година – 9+11+2+0+0+1=23.

Има и стотици други примери коишто посветените слледбеници на овој „култ“ грижливо ги документирале. Пред десетина години, се сними и филмот „Бројот 23“ – хорор-мистерија со Џим Кери во главната улога.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби