Еден од 10 луѓе работи од дома без долни пижами

Околу третина од луѓето кои работат од дома, на виртуелните средби се облечени во пижами, а секој десетти го нема долниот дел од облеката, покажува истражување спроведено од една агенција во Велика Британија.



Резултатите покажуваат дека 42 отсто од оние кои работат од дома се уморни од „Zoom“, но само 14 насто сакаат да се вратат на работа со полно работно време кога ќе заврши пандемијата. Секој петти испитаник изјавил дека никогаш не сакал да се врати на претходната практика. Истражувањето е спроведено по нешто повеќе од една година од првите карантини.

-Истражувањата покажуваат дека работата никогаш нема да биде иста како што беше пред пандемијата. Вработените бараат пофлексибилно и комбинирано работно опкружување кое одговара на новата урамнотеженост меѓу животот и долгото работење од дома“, велат од агенцијата.

Во истражувањето учествувале 2.027 луѓе кои работат со телекомуникации. Скоро половина од нив (45 отсто) сакаат рамнотежа меѓу работата од дома и онаа во канцеларија, или одење на работа во еден до три дена во неделата. Како најчеста причина за ова, 51 отсто од испитаниците го навеле избегнувањето на патот до работа.

Во 34 насто од случаите, луѓето претпочитаат пофлексибилно работно време. Околу 20 насто од луѓето пак, сакаат да продолжат да работат од далечина, затоа што на тој начин може да спијат подолго, а 15 отсто – затоа што не мора да носат деловна облека.

Разговорот со колегите е она што најмногу им недостасува од животот во канцеларијата (43 отсто), по што следува заситеноста од „Zoom“ (31 отсто).

Околу 30 насто од испитаниците признале дека присуствувале на виртуелни состаноци во пижами. Дури 25 отсто при работното време се занимавале со интернет-купување, а 15 отсто играле компјутерски игри.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби