Се урна карпестиот споменик „Дарвинова порта“

Познатиот природен карпест споменик на островите Галапагос, „Дарвиновата порта“ се урна како резултат на ерозија, соопштија еквадорските власти и здруженијата за заштита на животната средина. Како што велат оттаму, Портата веќе не постои во својот препознатлив облик и од неа останале само два столба.



На фотографиите на Министерството за животна средина на Еквадор, се гледаат само остатоци од пристаништето.

-Дарвиновата порта, природната атракција во облик на мост што се наоѓа на помалку од еден километар од главната област на островот Дарвин, се сруши поради природна ерозија. Дарвиновата порта некогаш беше поврзана со островот. Областа се смета за едно од најпогодните места на планетата за нуркање и за набљудување ајкули, ајкули-чекани и други морски животински и растителни видови, објави Министерството.

Островите Галапагос го добиле името по британскиот научник Чарлс Дарвин. Тие се под заштита на УНЕСКО од 1978 година.

– Падот на Дарвиновата порта е потсетник за тоа колку е кревок светот во кој живееме. Не можеме да сториме речиси ништо за да ја спречиме природната ерозија и слични геолошки појави, но можеме да го заштитиме подводниот свет. Портата беше една од главните туристички атракции во светот, со своите ајкули-чекани, рече Џен Џонс од Здружението за заштита на Галапагос.

Вулканскиот архипелаг се состои од 234 острови, бројни заливи и карпи и денес таму има околу 30.000 жители.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби