Грчки криумчари сакале да продадат статуа на божица за 40.000 евра

Солунската полиција уапси двајца мажи од Грција и уште еден 35-годишен човек кој на својата фарма пронашол статуа и им ја дал. Уапсените, според наводите, се обиделе да продадат ретка статуа на античката божица Хеката за 40. 000 евра, соопшти грчката полиција.



Полицијата добила дојава дека статуата е пронајдена, па прикриен полицаец се претставил како купувач. По еден месец преговори, во петокот, продавачите биле уапсени кога отишле да се сретнат со наводниот купувач, се вели во соопштението, додавајќи дека таквите статуи се „исклучително ретки“.

Мермерната статуета, тешка 10 килограми и висока 33 сантиметри, датира од вториот или третиот век од нашата ера, кога Грција и Македонија биле дел од Римската Империја. Се верувало дека Хеката е божица на ноќта, магијата, вештерството и смртта, преземена од источните култови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби