Отворена најдолгата сончева патека за велосипеди во светот

Властите во холандската покраина Утрехт вчера ја отворија, како што велат, „најдолгата сончева патека за велосипеди во светот“, поврзувајќи одржлив извор на енергија со превоз без загадување.



Учениците на околното основно училиште први се возеа по оваа патека долга 330 метри во селото Мартенсдијк, близу градот Утрехт. Се состои од готови бетонски блокови покриени со тенок проѕирен заштитен слој којшто овозможува продирање на сончевата светлина во соларните ќелии во бетонот, којшто на тој начин создава електрична енергија.

Провинцијата Утрехт работи на намалување на емисиите на јаглерод. Целта на пилот-проектов е да се утврди – дали ваквите двонаменски патишта можат пошироко да се користат за производство на електрична енергија со употреба на сончева енергија и во истовреме, да им служат на велосипедистите?

– Тоа е многу важно. Ние сакаме да бидеме неутрални во однос на климата до 2040 година, и затоа мора да осмелиме како да користиме вакви иновации. А, ова е прилично иновативно. Нашата покраина е многу густо населена и има малку простор, па затоа треба да се испроба оваа двојна употреба, рече Арне Шаделе, официјален претставник на покраината.

Според ова, ако патиштата може да се користат за производство на енергија, тоа е двојна предност за тамошните жители.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби