„Дизни“ може да ги изгуби правата за Мики Маус

Компанијата „Дизни“ може да ги изгуби ексклузивните права над веќе легендарниот лик Мики Маус, бидејќи 95-годишните авторски права за ликот истекуваат во 2024 година.



Веселото глувче со пискав глас првпат се појави во 1928 година, па се претвори во своевиден заштитен симбол на компанијата и стана еден од најпрепознатливите цртани ликови на сите времиња. Инаку, Мики Маус првично беше заштитен со авторски права на 56 години. Во 1998 година, компанијата се избори за продолжување на правата, стекнувајќи ги на 95 години.

Американскиот Закон за авторски права вели дека интелектуалната сопственост на уметничките дела истекува 95 години по првото објавување, што значи дека Мики ќе влезе во јавна сопственост во 2024 година. По истекот на авторските права, секој што сака да го користи ликот може без дозвола и без да плати за авторски права.

Тоа значи дека цртаниот лик може да се појави и во приказни што не се на „Дизни“.

Други познати ликови се веќе во јавен домен. Меѓу нив е и мечето Вини Пу, кој влезе во списокот бесплатни ликови откако во јануари му истекоа авторските права. Мечето сега „бесплатно“, и тоа како убиец, се појавува во хорор-филмот „Вини Пу: Крв и ужас“, напишан и режиран од Рис Вотерфилд.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби