Не/видлив град во државна 19-ка

Во следните три дена граѓаните на Скопје ќе имаат можност да бидат дел од еден креативен проект кој ќе се случи во автобусот со број 19. „Не/видлив град“, инаку проект финансиран од Европската комисија за култура, министерството за култура и холандската амбасада во Македонија, во суштина претставува интересна претстава која има за цел да придонесе во нормализацијата на односите помеѓу различните етнички заедници. Проектот е развиен како резултат на соработката меѓу неколку различни организации меѓу кои и ArtMedia од Македонија. Наташа Поплавска која заедно со Дијана Милошевиќ е режисер на претставата, верува дека на многумина навистина ќе им се допадне она што ќе се случува на 5-ти, 6-ти и 7-ми ноември.

-Концептот на претставата е произлезен од Dah Teatar од Србија. Уште во 2005-та година тие ја имаат поставено оваа претстава и најпрвин започнуваат да ја играат во Белград, потоа ја шират низ Србија низ неколку града, па прават неколку пилот изведби во други земји. Во 2009-та ние се запознавме со Dah и започнавме да работиме заеднички на развивање на еден поголем проект во рамките на европската културна програма, Култура 2007-ма 2013 каде што и нашата земја е рамноправен член без разлика што не е член ка ЕУ. Ние сме 4 партнери и еден асоцијативен партнер, Dah Teatar од Србија, ArtMedia од Македонија, Prodigal Theatre од Велика Британија, Teatret OM од Данска и Voix Polyphoniques од Франција. Концептот е на еден поинаков начин со помош на театарските техники на некој начин да придонесеме во поттикнување на човековите права. Претставата зборува за нашиот град, што е една од целите на овој проект. Секаде каде што се поставува, приказните се црпат од самиот град, а самиот проект се нарекува „Не/видлив град“. Значи помеѓу не и видлив има коса црта што ги двои со што се добива определена двосмисленост. Поентата е сето она што е невидливо на почеток да го направиме видливо. Нашиот град не го сочинува само она што го знаеме туку има и многу приказни скриени што не ги знаеме, вели Поплавска.

Претставата „Не/видлив град“ ќе се реализира во државниот автобус со број 19 бидејќи истиот поминува низ различни делови од градот каде што може да се сретнат и различни етнички заедници.

-19-ка е автобус кој што спојува различни делови од градот почнувајќи од Карпош 4 до Шуто Оризари. Тоа се Топанско Поле, Чаир, Гази Баба, самиот Центар, Карпош Тафталиџе.... Можеби го немаме делот на Аеродром, но од таа страна нема толку интересни типови на население. Целата мешаност на нашиот град заправо таков каков што може да се пронајде во оваа линија, објаснува Наташа и додава дека и во самите групи кои учествуваат во проектот постои голема разноликост.

- Интересно за проектот е што сите групи од земјите кои учествуваат имаат актери кои не потекнуваат само од таа земја. Тука е на пример данската група која е мошне шаренолика, исто како и англиската, што покажува дека во суштина сите земји се мултинационални. Што би се рекло, не постои чиста крв.

Кога станува збор за соработката со театрите кои исто така се дел од овој проект Поплавска вели дека станува збор за проект каде секоја минута е важна, таа е мошне задоволна што може да работи со високо професионален тим кој е одлично синхронизиран и одговорно си ја извршува својата работа.

- Во вакви европски проекти најчесто сугерираат кога ги избираш партнерите за работа навистина да ги познаваш. Значи не се тргнува во партнерство без добро познавање, бидејќи тоа е исто како да стапиш во брак со некој од Skype, а никогаш во животот да не си го видел. Dah Teatar-от соработува со овие театри веќе со години. Иако ние сме последни во низата на соработници, јас уште кога бев студент знаев за Dah и од тогаш ми се допаѓаше нивната естетика. А тоа се разбира е мошне важно за една претстава. Секогаш е потребно да имате исто ниво на естетика со оние кој што работите за да го добиете она што го сакате.

Задачата на ArtMedia покрај работењето на претставата е да направи и документарен филм за целиот проект. Македонскиот тим ќе го подготвува филмот кој исто така ќе биде наречен „Не/видлив град“, а треба да биде готов кон крајот на месец август следната година.

Што се однесува до претставата, режисерката е уверена дека тоа ќе биде одличен начин за релаксација.

-Очекувам дека ќе видам лица кои ќе се насмеат во автобусот и кои ќе уживаат во возењето. Сигурна сум во тоа зошто најчесто тргнувам од себе, иако тоа не е секогаш правило. Но мислам дека во тешкиот ден и ли кога имаш милион обврски, мислам дека е супер некој да те освежи со нешто друго.

Претставата ќе се реализира во горенаведените денови, од 11 часот, додека на 6-ти ќе започне од 16 часот.

Н.Вуковиќ



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Си бил некој човек што имал папагал кој зборувал многу безобразни работи.
Еданш му иделе гости.
Папагалот го ставил во фриждер.
Арно ама гостите пиеле многу кока-кола.И кога...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива пo влажни коловози, во западните и југозападните делови од државата на повисоките места наместа со остатоци од кашест снег по...
Верски календар
На денешен ден
1398.- Монголско-туранскиот војсководец Тамерлан...
1644.- Веднаш по полнолетството на престолот...
1709.- Родена е руската царица Елисавета...
1737.- Умре Италијанецот Антонио Страдивари,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби