Синот на Аркан открива кој го убил татко му

Синот на Жељко Ражњатовиќ - Аркан, Воин Ражњатовиќ, напишал книга за својот татко, која се состои од вкупно 50 приказни за животот и работата на Аркан. Воин потекнува од бракот на Аркан со Наталија Мартиновиќ, а денес живее во Лос Анџелес, каде што работи во фирма која се занимава со животно осигурување. Наскоро ќе ја објави книгата во која ќе ја опише вистината зад приказната за Аркан.



Воин книгата ја напишал на англиски јазик и планира да ја објави на интернет, поточно на познатата страна за продажба www.amazon.com, токму на 17 април, денот кога е роден Аркан. По неколку месеци, односно на 28 јуни, денот кога е Видовден, книгата ќе се објави во Србија на српски јазик. Воин секојдневно добива различни понуди бидејќи многу луѓе се заинтересирани за оваа книга.

Приказните се вистинити. Некои од нив ги доживеал Воин, а некои му ги раскажувал Аркан. Неговата фамилија се противела за издавањето на оваа книга, бидејќи во животот на Аркан имало многу криминалци. Тој секојдневно добива закани за да не ја објави книгата. Сепак, смета дека оваа книга му ја должи на својот татко, па решен е да помине низ сè само за да ја објави.



Храбар како и татко му, покрај сите закани, тој не се плаши од никој.

- Многу луѓе се обидуваат да ме спречат да ја објавам книгата, но на нивно разочарување, по секоја цена ќе го завршам она што го започнав. Ако мислевте дека со смртта на татко ми ќе се скрие целата вистина, гадно сте се излажале. Вистината сега ќе излезе на виделина. Јас од никого не се плашам, изјавил Воин.



Во оваа книга, Воин ќе ги открие вистинските убијци на неговиот татко. За сега откри само дека тоа се моќни луѓе од Србија, на кои Аркан им се нашол на патот, па тие решиле да се решат од него – еднаш засекогаш. Многумина се обидоа да ја одгатнат тајната за тоа кој стои зад атентатот на Аркан и имаше многу претпоставки. Некои од нив сметаа дека тоа е новинарот Миломир Мариќ, но Воин признава дека тој го почитува овој новинар и дека тој не стои зад атентатот на неговиот татко.

Исто така, книгата ќе ни го прикаже Аркан во сосема различно светло, како татко, сопруг, човек, командант и бизнисмен. Читателите самите ќе откријат каков човек бил всушност тој. Воин и покрај тоа што сега се наоѓа во Америка, еден ден планира да се врати во Србија, бидејќи таму е роден, таму припаѓа и таму ќе умре. И покрај тоа што секојдневно му се заканувале – не се плаши од никого кога се работи за неговиот татко.

Многумина со нетрпение ја очекуват оваа книга и конечно да се  дознаат вистинските убијци. Веруваме дека по ова, Воин  ќе има понуди вистинската приказна да се пренесе и на големото платно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби