Писмо од една мајка која го расплака Балканот

Блогерката Сандра Тодоровиќ од Сараево, на своите деца им напиша писмо во кое ги опфати речиси сите совети кои треба да им ги кажат родителите на своите деца. Во ова писмо децата ќе ги познаат советите на своите мајки, а мајките ќе се смешкаат поради таа една и единствена мајчинска грижа!

За да не биде тажно и самосожалувачко писмо пред смрт, таа реши на еден интересен, но сосема искрен начин да им каже на своите деца се што и лежи на душа!



Ви ги пишувам овие редови, во случај да ме удри некој скап автомобил (не дај Боже), додека поминувам улица на зелено или да ми дојде на посета оној Алцхајмер па да заборавам кои и чии сте.

Пред сè, сакам од срце да ви се извинам што ве родив овде, а не на некое подобро место. За жал, верував дека ќе дојдат подобри времиња, но не дојдоа. Тие колективни надежи се ужасна работа, но некако те одржуваат во живот и ти даваат енергија да преживееш до утре.

Секогаш помислувам на тоа: Ајде не е толку страшно, има за леб и гориво, сметките ќе ги платам кога ќе имам пари, можеме да го продадеме кучето и да го исклучиме интернетот. Ве учев да бидете чесни луѓе, да се почитувате самите себе, но и другите.

Да помогнете кога треба и да бидете благодарни. Не позајмувате пари на никого и не земајте пари од никого. „Долгот не е долг“. Пријателите само ќе останат, ќе заблескаат од мноштвото луѓе кои ќе ви се мотаат во животот. Оние што ќе останат, ќе ви бидат како свесно одбрана фамилија, можност која ја немате со оние од блиската фамилијата.

А ако сте малку како мене, луѓето ќе ве сакаат, најдете им се во добро и во лошо. Роднините почитувајте ги исто колку и тие вас. За свадба не им купувајте бесмислени поклони, немојте ни да помислите на некои ќебиња. Секогаш давајте им пари во некој убав плик и потпишете се. По тоа ќе ве паметат и нема да ве оговараат.

За љубовта можам и есеј да напишам, ама не сакам. Ќе ја препознаете кога за тоа ќе дојде време, а кога точно ќе се случи – тоа е веќе дискутабилно.

Кога мене ми се случи, мислев дека срцето ќе го исповраќам. Тврдам дека многупати нешто ќе ви заличи на љубов, а нема да биде така, туку тоа е само опијаноста која поминува со време, како тежок мамурлак. Бирајте слични на себе и нема да погрешите.

Во оваа земја, во која со тешки маки ве нахранив, нема никаков ред ни поредок. На тоа се навикнуваш со тек на време и ти станува нормално. Бидете успешни во она што ќе го одберете, можеби некој авион ќе го носи вашето име или брз воз, кога ќе се измисли и кај нас.

Го доживеав бомбардирањето во Белград, ја памтам војната во Босна, бегалците, хипер инфлацијата, санкциите, сиромаштијата...

Овде деца умираат пред очите на оние кои може да им помогнат, но тие не им помагаат. Храната ја купувавме на улица, горивото од шише Кока Кола исто на улица. Цигарите ги купувавме од една Ромка која се моташе кај пазарот. Тоа беа страшни времиња, но подобри од она што се сега. За таа храна од улица имавме пари, за оваа сега по продавниците едвај. Народот сега ни е гладен и бесен.

Дискретен по прашањето за нивната беспомошност, ќути за своите кошари и чека.. Што чека тој народ, сè уште никој не знае. Не чекајте ништо! Бегајте одовде во првата прилика! Нема овде ништо! Ни пиво по 10 часот навечер. Ни планови за утре. Културата сега е на својата смртна постела, кога ќе пораснете, веројатно наместо музеј ќе има супер маркет или паркинг.

Бидете толерантни кон оние различните од вас. Ако некој има друга боја на кожата или сексуална ориентација, не значи дека е лош, само е различен од вас. Не можеме сите да бидеме исто испечатени. Свеста за екологијата ви ја развивав уште од мали нозе.

Чувајте ја својата околина, посадите нешто, исчистите зад себе. Верувам дека сте како мене, па ќе ве нервираат кои не сакаат тоа да го прават. Научите ги. Сакајте го и почитувајте го секое живо суштество во природата. Крзно никогаш не носев, но не затоа што не можев да си дозволам, туку некако не ми беше фер. За тоа да ме почитувате. Слушајте исклучиво добра музика.. се знае каква е добрата музика.

Сине, биди внимателен кон жените, почитувај ги, никогаш немој да бидеш насилник, сè ќе ти се врати со инстант карма и ќе те погоди кога најмалку се надеваш. Плати ја вечерата, купи цвеќе и со тоа ќе го добиеш она што го сакаш уште на првиот состанок.

Секогаш користи кондом и нема да се секираш. Научи да свириш на некој инструмент, жените тоа го сакат. Патувај. Биди самостоен, готви, испеглај си ја кошулата, поправи нешто во куќата. Ако седнеш на мотор, во гробот ќе се превртуваш како прасе на ражен. Заслужи си еден Мерцедес, биди господин човек. Зачувај го оној креденецот од баба, грев е да пропадне.

Чорапите соблекувај ги кога имаш секс. Не прави будала од себе. Кога пиеш, никогаш немој да ги мешаш пијалаците. Знам за што ти зборувам. Не се тепај, нека царува умот, барем на тоа те учев. Дрогата е злобна. И коцкањето исто. Марихуаната не е дрога. Најголема човечка доблест е умереноста во сè, ако го постигнеш тоа, значи дека си успеал.

Научи барем два светски јазици. Заврши факултет. Се колнам во тебе дека ќе смислиш нешто што ќе го промени светот или макар мал дел од него. Кога женско ќе те праша дали е дебела, кажи и ја вистината. Ако каже дека сè е во ред, не е ништо во ред, верувај ми.

На ќерките сакам да им кажам неколку важни работи кои се важни за една жена. Потрудете се да учите од туѓите искуства. Знам дека нема да ме послушате и дека ќе одете со главата преку ѕид како и јас, но моја должност е да ве предупредам. Пред да се венчате, завршете факултет.

Ако некој од неговата фамилија ве праша што знаете и можете, вие кажете: Ништо! Сè што ќе направите по таа изјава, ќе ви биде попратено со аплауз. Јас тука погрешив. Не ги бричете нозете во петто одделение! Не ги фарбајте плавите коси во црни, ве молам! Бидете женствени во мерка во која што ви прилега. Не ставајте силиконски гради. Хулахопките не се носат како хеланки, можете да ги искинете.

На чорапи ќе потрошите цело богатство. Убавината боли. Витканата коса е убава, не ја исправувајте. Веѓите секогаш се различни, па колку и да се трудите исто да ги обликувате. Ставањето туш на очи е вештина. Совладајте ја. Ако мислите дека цела ноќ ќе танцувате во штикли, нема да биде ништо од тоа. Во багажникот од автомобилот, секогаш имајте рамни чевли. Витлерите се намотуваат од врвот на косата.

Во диетите и таблетите за слабеење не верувајте, тоа се глупости. Мрдни го задникот и ќе ослабиш. Мажите се едноставни. Не ги мачи, не ги прогонувај, биди мистериозна и прекрасна и ќе бидеш најсакана. Не му го земај телефонот и не му пребарувај по џебовите.

Не плачи за мажите, едноставно не вреди. Не биди кучка, тоа никој не го сака. ПМС не е изговор. Научи да готвиш, бидејќи љубовта доаѓа преку желудникот. Никогаш, никогаш немојте да престанете да се занимавате со уметноста. Таа нека ви биде ѕвезда водилка. Мене одамна ме однесе онаму каде што требаше.

Во џемот секогаш ставајте малку ванила. Ајварот е поубав во мали тегла и не се расипува.

На таванот имате една кутија која е наменета за вас. Во неа се наоѓаат плочи, касети, дискови, видео рекордер и CD плеер. Најдете на интернет што е што. Во една вреќа има фурка и вретено од мојата баба. И за тоа видете на интернет како се користи.

Оние смешните чевли ви ги оставив да видите колку била кретенска модата во осумдесеттите. Сребрениот фустан е од вашата баба. Облечете го барем еднаш во вашиот живот. Јас го облеков. Има таму еден болк со автограми кои ги собрав, плочки од моето детство и некои кристални чаши. Графиките и сликите поделете ги рамноправно, што ви се допаѓа тоа земете го.

Ако нешто заборавив немојте да ми замерувате. Тешко е сите мудрости да ги соберете во неколку илјада зборови. Ве молам, немојте да ми направите некој кретенски споменик кога ќе умрам во облак на Мерцедес, за тоа само се шегував. Нешто дискретно, може и некој камен од Дунав.

И да, оној вентилот за вода се врти на спротивната страна.

Бескрајно ве сакам,
Мама



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби