Гозби, перформанси и... „кујнски“ жанрови

Најнеобичните ресторани во светот

Работната девиза на необичните ресторани кои се многу популарни во светот би можела да биде: „Да се изненадат очекувањата, да се испровоцира шокантен вкус, да се поместат границите на секојдневното, оброкот да биде перформанс на вкусови, а гостинот - и публика и актер во претставата на храната!“



Националните кујни престанаа да бидат предизвик на рестораните од нашево ултрамодерно време. Во потрагата по нешто поинакво, нешто невидено и оригинално, главна карактеристика станаа необичните менија, но и необичните кулинарски концепти. Светот сè помалку сака само да јаде, а сè повеќе сака да доживува и спознава јадејќи. Во најнеобичните ресторани што постојат на Земјинава топка, вечерата ја сервираат нинџи, ви се нуди необично приготвен елен во чинија од мраз, додека вие седите во темница или, можеби, на стол што, на пример, рее високо во воздухот... Самите менија се во „служба“ на генералниот концепт, па така трите одредници „што“, „каде“ и „како“ јадете стануваат сосем рамноправни. Заборавете ги неугледните маалски кафеанчиња со одлично јадење, луксузните ресторани со (пот)просечни вкусови... и почнете да мечтаете за еден сосем нов пристап кон храната, но и кон себеси, како нејзин консумент.

„El Bulli"

„El Bulli“ е многу повеќе од ресторан, тој е вистинска кулинарска оаза што 6 месеци постои сред „пустината“ на секојдневието. Останатите 6 месеци се затвора за да ви недостасува, за да се зажелите за „местово“, само навидум обично, само навидум кафеана. „El Bulli“ е вистинска гастрономска Мека на гурманските ходочасници од сите меридијани.

Во него нема јадење што посебно се истакнува, зашто сè што ќе се послужи е врвно дело на кулинарската уметност – вистински експонат за сетилата. Според жирито на престижното списание „Restaurant”, „El Bulli“ веќе три години со ред е „најдобриот ресторан на светот“. Се наоѓа во гратчето Росес на брегот на Коста Брава во Шпанија и работи од април до септември, а резервациите се прават една година порано.

Има вкупно 8 000 места во текот на една сезона за коишто се пријавуваат околу половина милион луѓе. Секоја вечер, 50 готвачи нагостуваат најмногу 50 гости. Главниот готвач – Феран Адриа Акоста (1962) по завршувањето на сезоната, се повлекува во своето готвачко ателје/лабораторија во Барселона каде што одново го обмислува целосното мени за наредната година. Вечерите во овој ресторан се неколкучасовни и вклучуваат триесетина јадења. Порциите се мошне мали, но затоа секоја за себе е своја приказна.

Доживувањето за да биде целосно, мора внимателно да се следат упатствата на готвачите. Се служат коктели во форма на снежна коцка, тенки листови, навидум хартиени, пропрскани со цветчиња во интензивни бои – всушност - чили, „јајца“ од кои по кршењето во устата ви се излева топла, кремаста жолчка со вкус на карамела, кутии со кавијар каде што „бисерчињата“ прилегаат на кавијар, но имаат вкус на овошје...

Квалитетот на понудените јадења во „El Bulli” е исклучителен. Сопствениците велат дека „готвењето е јазик со кој најдобро се изразуваат: креативноста, хармонијата, среќата, убавината, поезијата, сложеноста, магијата, хуморот, провокацијата и културата“. Сето тоа го има во секоја чинија одделно во „El Bulli“.

Повеќе од ресторани

Други ресторани за кои светот зборува на цел глас се: ресторанот на „Icehotel“ („Леден хотел“) во Јукасјарви, Шведска, „Dinner in the Sky“ („Вечера на небо“), бриселски, но со „маса“ буквално над целиот свет, „Dans le noir“ („Во темнина/Во ноќ“) во Париз, „Ithaa“ („Бисер“) на Малдиви – пет метри под површината на Индискиот Океан, ресторанот „Нинџа“ во Њујорк, мексиканскиот ресторан „Мото“ во Чикаго, „Linger lodge“ во САД, „Аналакшми“ во Индија…

Во „Ледениот хотел“, ресторанот не е направен од мраз (како сè останато!), но затоа, пак, чиниите се, и тоа не од кој било мраз, туку исклучиво од мраз на реката Торна. Во нив најчесто се служи месо од арктички елен и лос.



Ресторанот „Вечера не небо“ буквално ги гости своите храбри „посетители“ во воздух, каде што масата е закачена на кран. Оваа бриселска првична идеја, веќе на големо се шири низ цела Европа, така што веќе може да се јаде на небото над Париз, Будимпешта, Барселона, Варшава, Истанбул... Масата на висечкиот ресторан рее во воздухот на височина од 50 метри. На неа можат да седнат 22 луѓе кои, секако, не смеат ни најмалку да се плашат од височина и, не смеат, исто така, да бидат невнимателни со приборот, зашто ништо не смее да падне од масата. Што се однесува до погледот, пак, ниту еден од дваесет и двајцата гости не може да се пожали: сите сето време уживаат во најубавиот поглед на градот што може да се замисли!



Ресторанот „Во темнина“ / „Во ноќ“ се наоѓа во Париз и во него гостите буквално мораат да јадат во целосна темнина. Сопствениците Едуар де Бролји и Етјен Буасрон длабоко веруваат дека консумирањето храна е далеку попријатно кога гостинот се потпира на другите сетила, а не на сетилото за вид. Персоналот го сочинуваат претежно слепи или лица со оштетен вид. Необичниот концепт на „Во темнина“ станал толку популарен што сопствениците неодамна отвориле истоимени ресторани и во Лондон и во Москва.



„Нинџа“ ресторанот во Њујорк не е необичен поради менито, туку поради концептот на служење на гостите. Келнерите се нинџа воини во опкружение на средновековен нинџа-дворец. Освен што служат храна, воините-келнери и ги воведуваат гостите во таинствениот свет на нинџите со наменски, функционални перформанси.

Своевидни антиподи на „Нинџа“ се рестораните „WD 50“ исто така во Њујорк и „Мото“ во Чикаго. Во првиот необичното е во самото мени, концептот на служење и опкружение се сосем нормални. „WD 50“ нуди храна со необични комбинации на солено, благо и кисело.

Готвачите се вистински авантуристи, а препорака на сите што биле во овој ресторан е на крајот задолжително да се напиете кафе со босилек. Вториот е навидум мексикански ресторан, но нивни концепт е изненадувачкото мени. На пример, јадејќи тортилја која вообичаено е наполнета со мелено говедско, чувствувате дека в уста имате рендана чоколада.



Ексклузивно или екстремно...

Скарата е главна понуда на малиот американски ресторан „Колиба на влечуги“ („Linger lodge“) постои од 1945 година и се наоѓа во Брадентон, Флорида. Но, прашањето е „што на скара“!? Неговите сопственици, сопружниците Давид и Кристина Леј не држат пилешко, свињско, ниту говедско, нивната понуда се состои исклучиво од змии, пајаци, творови,.. на скара, се разбира.



Индискиот ресторан „Аналакшми“ на прв поглед е сосем вообичаен ресторан. Изгледа вообичаено, менито е исто така, вообичаено. Она што го прави необичен овој ресторан е слоганот: „Јади колкушто можеш – плати колкушто сакаш“, кој не е само рекламен, туку и работен: плаќањето функционира токму така: 1 или 100 долари, решавате самите!

Постои уште едно нешто што „Аналакшми“ го прави необичен ресторан, а тоа е фактот што персоналот исто така работи на доброволна основа, тие се волонтери на кои можете, но и не морате да им оставите бакшиш! 



Трилер–ресторан

И Италија не заостанува зад ваквиот тренд на онеобичување на рестораните. „Fortezza Medicea“ е сместен во гратчето Волтера, во тврдина стара 500 години која денес е затвор со врвно обезбедување.

Кога рестораните би ги делеле на жанрови, овој сигурно би спаѓал во трилер-рестораните. Во него гостите ги забавува извесен Бруно (осуден на доживотна робија поради убиство) кој свири на клавир, а готвачи и келнери се исто така затвореници кои беспрекорно работат „под будното око“ на затворските чувари.

Воопшто не е потребно да се нагласува дека за ваков кулинарски перформанс треба да се резервира место (или „билет“) многу, многу однапред...




Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби