Одговор на писмото кое го потресе Балканот

Пред неколку дена, српската блогерка Сандра Тодоровиќ на своите деца им напиша мошне интересно, но и искрено писмо, во кое се пронајдоа сите мајки и деца. Токму едно момче од Босна, кое се пронајде во нејзините зборови, реши да и одговори и покрај тоа што не и е роден син.



Драга мајко,

Добро е што го напиша ова писмо, но се надевам дека нема да ти се случи ништо лошо – да те удри некое „Југо“ или да те нападнат некои бактерии. Писмото е многу трогателно и полно со емоции. Кај мене постојат разумни емоции. Најсилни се кон тебе. Од сите тие сперматозоиди морав баш јас да се родам. Знам дека не е ни време, ни место, но ти благодарам. Емоциите кон тебе се најсилни, бидејќи сите останати жени може да се заменат, но ти никако! Кога би ме носеле на стрелање, само ти би скокнала пред куршумот. Сите останати ќе си заминат како брзината на мислата.

Не мораш да се извинуваш што си нѐ родила овде, бидејќи сите сме во исти сра*а. Сите тука веруваат дека ќе дојде подобро утре. Знаеш какви сме ние: Ах, замолчи! Добро ајде нека пука, само главата да ја спасиме!“. Тоа ти е стара добра шуплина, но ете, такви сме сѐ уште.

Сметам дека не е лошо. Живееме од денес за утре, а на задутре не ни мислиме, бидејќи е далеку. На сметките не ни помислувам, бидејќи сакам здрвјето да си го зачувам. Во паричникот има само до задутре.

Тоа што нѐ учеше да бидеме чесни и добри луѓе, во овие времиња и не е баш позитивна особина, но сѐ уште се надеваме дека со тек на време и тоа ќе исплива на површината. Пари не позајмувам на никого, ниту пак барам од некого, но ако некој ми побара му давам нешто ситно и халал. Ако е добар човек, ќе ми ги врати, но ако го оцрни обрзаот се знае каков е. Како што кажа ти „долгот не е пријател“.

Роднините ги чувам колку што можам. Тетка ми и роднините се како бетон. Се гледаме колку можеме, но секој со своја работа.

За љубовта имам многу работи да ти кажам. Сепак, планирам да се смирам, иако неколку пати добро повраќав од тој тежок мамурлак. Сега веќе сѐ ми е исто. Смирен сум и не се грижи, не сум геј, што би се рекло на босански „derpe“.

Работа имам. Не е „Бог знае што“, но навистина сум добар! Работам со техничка заштита на блиндирани врати, сефови, камери. Сѐ она што тие го прават, јас го отклучувам за 20 минути. Не сакам нешто материјално да го носе моето име, па на некого да му бидам идол.

Проживеавме многу работи. Но, верувај дека некои работи се уште полоши отколку за време на војната. Како што ни кажа, овде нема што да се бара.

Поднесов документи за виза. Во странство добив нова работа, со подобра плата. Ако ми ја одобрат визата, „тргам под полн гас“. Што би рекла Северина „Гас, гас“. Ни сам не знам дали тоа ќе му го одобрат на дете од мешан брак. Ако одам на Запад, веднаш сум терорист, а ако одам на Исток тогаш сум неверник.

Од културата останата само физичкиот тренинг. Кога ми е досадно одам до теретана или на кошарка. Музејот одамна е затвотерн. Можеби ќе направат бордел на негово место.

За толернацијата може многу да се каже. Ги почитувам оние малкуте чесни луѓе кои осстанаа во овој град. Лошите само ги игнорирам или им пуштам вода „да одат како сра*ата“.

Свеста за екологијата ја развив, органските работи да ги фрлам во природа, бидејќи природата со природа се обновува, додека лебот најдобро е да им го фрлам на птиците и рибите. На просјаците, лихварите и луѓето што молат, не им давам ни скршена пара.

Кога треба да сум господин, тогаш сум господин - кога треба да сум работник, тогаш сум работник. Кога сум на улица, ставам капа за да не ме гледаат локалните „клошари“, бидејќи знаат дека секогаш можам да им одговорам со некоја педагошка мерка. Иако одамна престанав да се тепам, некогаш мора да си ги покажам забите, за да не заборават. Новите деца се уште полоши. Адолесцентноста доживеала таков бум благодарение на маалските приказни и акционите филмови.

Со жените сум... Кон секоја девојка се однесувам како кон дама, додека таа не ми покаже каква е навистина. Има многу безобразни девојки, кои не се подготвени на сериозен живот. Со нив сум внимателен, бидејќи на улица може сѐ да се сретне. На многу девојки им дадов прилика да ми се докажат како човек. Ако некоја е достојна за моето внимание, тогаш го добива. Кон сите други сум претпазлив. Третото око секогаш гледа што прават. Со мене ќе поминат низ сито и решето додека да се уверам дека јас сум нејзиниот принц од бајките и покрај тоа што не им правам некои бајки. Зборувам за она што е, со многу дипломатија.

Повеќето се замислени девојки, кои мислат дека ако се венчаат на некое добро ситуирано место, ќе ги решат сите проблеми. Ова ти ги прикажува моите мудрости кон жените и мамините принцези, кои мислат дека јас сум мамин син. Епа, сум! Така ме научи мајка ми, а вие вашите синови научете ги на подобро.

Мерцедес нема да купам, бидејќи денешните девојки „се палат“ на Ауди. Возев секакви автомобили, од спортски до скапани. Сега имам старо и обоено комбе, но ме служи и ми носи пари, а понекогаш ја позајмувам и лимузината од сестра ми.

Чевли носам само кога морам, бидејќи овие денешните сите се изработени во Кина, па мислиш дека ѓонот им е направен од железо.

Е сега најбитниот дел, за оние чорапите. Тоа е многу дискутабилно прашање! Сѐ зависи од партнерката. На првиот состанок никогаш не ги соблекувам чорапите, освен ако имам малку пари во паричникот. Кога ги соблекувам, тоа го правам во ВЦ, што да правам кога животот така ме научи.

Сѐ зависи од дамите, но на ниедна не и верувам. Секој чекор морам самиот да го поминам.

Мајка, што се однесува до алкохолот, го удрив автомобилот на 19 години. Од тогаш веќе не пијам, таа кариера заврши. Веќе пробав марихуана и други дроги. Но, тоа не е мој стил. Многу другари ми зема, полоша е и од жените.

Идејата дека ќе го променам светот...Некогаш сакам да го променам системот, но не постои некој кој би се изборил против системот. На памет имам уште некои идеи кои ги чувам, па можеби некогаш ќе ги реазлизирам.

Кога некоја девојка ме прашува каква е, јас и одговарам дека тоа не е нејзина работа и нема никаква поврзаност со мојата мајка, туку со мене. И повеќето веднаш се лутат. Оние кои молчат – нешто мислат, а оние кои брборат, ми доаѓа да им удрам еден бокс. Но, се контролирам и се смирувам дипломатски. Инаку, не можам да се карам со жените. Сѐ можеш да убиеш, но јазикот никогаш. Изгледа тоа им е во гените.

За ќерката не се грижи. Заврши факултет, сега е доктор на науки. Не е пластична девојка, која кога се слика како да е удрена со пегла. Ниту пак се „пржи на сонце“ како да излегла од микробранова печка. Таа е госпоѓица, моја гордост голема! Има неколку момци кои се распрашуваат за неа, но не се добри. Готвењето не и е јака особина, но знае што треба, а што не. Сѐ останато ќе ја прашаш неа.

За споменикот не се секирај, но и не размислувај за тоа. Ќе те убие погледот кон иднината. Тоа е еден голем план. И знакот за Мерцедес – заборави го, можеби ќе биде Ауди кога ќе се вратам од странство, но „ако Бог дозволи“.

Каква и да ми е судбината, ќе си ја носам на свој грб, бидејќи го сакам животот. Веќе се уверив од соништата дека постои судбината. Дежа-ву!

И ние многу те сакаме, повеќе и од бескрајно,

Дадо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби