ФОТО: Носат коси од нивните предци стари 100 години

Кинеските жени негуваат традиција на носење шлемови направени од вистинска коса, зачувана од нивните предци. Наместо да ги остават косите на нивните баби во ковчезите кога умираат, тие ги собираат и ги негуваат. Во посебни прилики, жените и девојките внимателно ги намотуваат на нивните глави.



Сепак, оваа традиција не е застапена во целата Кина, туку во јужно-западна Кина, каде што сè уште се почитуваат старите традиции. Овие слики се фотографирани во провинцијата Гуизоу, поточно во селото Суоја.



Секоја перика се пренесува од колено на колено, односно од мајка на ќерка, па така периките се стари околу 100 години. Се фарбаат и се одржуваат во посебни услови.



- Периките се носат на различни свечености од свадби па сè до празници и традиционално би требало и мажите да ги носат, но на крајот од денот тие веќе не можат да ги издржат, па се откажуваат, изјави Шу Ту, кинески експерт по култура.



Сепак, со цел да не изумре оваа традиција, жените и девојките решиле да ја продолжат. На овој начин тие им оддаваат почит на своите предци.

- За некои луѓе историјата е напишана во книги, нашата е на нашите глави, изјавуваат Кинеските жени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Едно утро се шета Милошевиќ низ затворскиот двор во Хаг, А сонцето му вели:
- Добро утро хероју српски, миротворецу најголем, ослободителу наш... (овој се дуе ли се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
1421.- Повеќе од 100.000 луѓе се удавија кога...
1492.- Кралската двојка на Шпанија (тогашна...
1790.- Во Филаделфија умре Бенџамин Франклин,...
1894.- Роден е рускиот државник Никита Сергеевич...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби