ФОТО: Базени од кои ќе ви застане здивот

Во овие жешки горештини сè што сакаме е да уживаме покрај базен со ладен коктел во рака. Но, додека да го дочекаме тоа, можеме да се почестиме со едни од најнеобичните базени во светот.



Ќе започнеме со најголемиот базен во светот, кој се наоѓа во ресортот „Del Mar“ во Чиле. Овој базен официјално е отворен во 2006 година, а покрива речиси 290 метри површина.




Скриен во џунглата на Бали, „Hanging Gardens Ubud“ базенот е нешто кое треба да се искуси. Овој неверојатен базен има интересна градба и се наоѓа на високи тераси на хотелот, но доколку се плашите од висина можеби и не е многу паметна идеја.




Нешто поблиску до нас, се наоѓаат травертини-тераси од карбонатни минерали направени од проточната вода во Памуккале во Турција. Доколку имате можност да ја посетите Турција, никако не смеете да ја пропуштите можноста да ги разладите нозете во овие води.




Во Германија се наоѓа најголемиот затворен воден парк, за кој не треба да се грижите за временските услови. Изграден во поранешен аеродром, а ви нуди загарантирана забава кога и да посакате.




„City Beach NYC“ е проект во реализација кој треба да се заврши до 2016 година. Идејата е да се изгради плажа и базен на реката Хадсон, кои ќе бидат достапни за сите граѓани.




Пливачкиот базен покрај Сена во Париз е омиленото место на професионалните пливачи, а неговото име доаѓа од познат Американски цивил кој починал во Париз, Жозефин Бејкер.




Ова што го гледате е креативната јавна бања во Берлин. Мора да признаеме дека навистина е предизвикувачка.




Уште еден базен во кој не можат да пливаат оние кои се плашат од височина. Се наоѓа на врвот на хотелот „Marina Bay Sands“ во Сингапур.




Канаѓаните уживаат во топли бањи, а тоа редовно го практикуваат во минералната топла вода во ресортот „Banff Upper Hot Springs“, што се наоѓа во националниот парк Banff. Овде можете да поминете прекрасно зимување каде што киснењето во овие води ќе ви биде омилено!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби